Цефа Чопева (Родена во Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Цефа Чопева
Националност Македонка
Сопружник Илија Чопев

Животопис

уреди

Цефа била сопруга на Илија Чопев. Ги изненадила сите со својата упорност и издржливост на распитите во Бугарското МВР, вршени од најголемиот џелат, садистот Горчев од Горна Џумаја. За нејзината издржливост и посветеност се дознава од зборовите на платеникот-слуга на бугарската полиција Антон Југов искажани пред уапсените активисти, во смрдливите подруми на бугарското МВР во Светиврачко:[1]

Откако ги испробав сите начини за принуда и не постигнав никакви сакани резултати, тогаш употребив најжесток и најодвратен начин од кој и јас се згнасив - ја соблековме Чопевица гола и ги врзавме рацете и нозете, како овца за стрижење, со едно јаже ја закачивме за една таванска греда толку високо, што можев спокојно да ја удирам без да се уморувам. Тогаш грабнав една борова цепеница и по голиот задник ја удирав, удирав, удирав и почна крв од секаде да прска, а таа проклетницата, ниту еден збор не кажа!...

Цепеницата се скрши на мали парчиња, ама старицата ниту еден збор не кажа, како да беше мртва...тоа не беше жена, туку чудовиште демон!

Поврзано

уреди

Илија Чопев

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 124–125.