Цетињска печатница

Печатницата на Црноевиќи (српски: Штампарија Црнојевића) или Цетињска печатница (српски: Цетињска штампарија), била првата печатница во Југоисточна Европа; која функционирала помеѓу 1493 и 1496 во Цетиње, Зета (денешна Црна Гора).[1]

Октоих првогласник

Била основана од Ѓураѓ Црноевиќ, владетелот на Зета помеѓу 1490 и 1496.[2] Печатарската преса била управувана од јеромонахот Макарије. Во оваа печатница биле испечатени пет литургиски книги: Октоих првогласник, Октоих петогласник, Псалтир, Требник (Молитвеник) и Цветен триод, кои се и први книги печатени со кирилично писмо.

Наводи

уреди
  1. Frederick Bernard Singleton (1985). A short history of the Yugoslav peoples. Cambridge University Press. стр. 30–. ISBN 978-0-521-27485-2. Посетено на 24 July 2011.
  2. Ćirković 2004, стр. 110.

Извори

уреди