Церовица е село во општина Кучево, Србија . Според пописот кој што се одржал во 2002 година, селото брои 381 жители.А во пописот кој жто бил одржан во 2011 година имало 314 жители.[1] Во Церовица живеат 308 возрасни лица, а просечната возраст на населението е 40,6 години (39,8 за мажи и 41,3 за жени). Во населбата има 125 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 3,05. Оваа населба е претежно населена со Срби.

Географија

уреди

Селото Церовица се наоѓа во источна Србија, на 153 километри источно од Белград и на само 2 километри од Кучево. На падините на планините Звиске и Хомољски се протега селото Церовица со просечна надморска височина од 195 м.

Историја

уреди

Првите податоци за населбата во областа на денешна Церовица потекнуваат од периодот на Римската Империја. Меѓу првите жители на тогашната населба биле Келтите и тие го населиле просторот покрај потокот таканаречен Чоровица, западно од денешната Колонија. Келтите биле претежно рудари кои работеле во рудникот во Мајдан - Кучајна. Од тој период и денес се видливи остатоци од гробишта. Вториот погром на овие жители се случил во периодот на Турците. Селото било изградено во оддалечени густи шуми, но турскиот пат минувал низ дел од територијата паралелно до каде денес води асфалтираниот пат до центарот на населбата Церовица. Поминувајќи таму на пат за Кладурово во раните утрински часови, турската војска, слушајќи ги петлите, го открила селото и убила сè што ќе нашла и ги запалила сите куќи.

Наводи

уреди
  1. Popis stanovništva, domaćinstava i Stanova 2002. Knjiga 1: Nacionalna ili etnička pripadnost po naseljima. Republika Srbija, Republički zavod za statistiku Beograd 2003. ISBN 86-84433-00-9

44°27′N 21°38′E / 44.450° СГШ; 21.633° ИГД / 44.450; 21.633