Цел за одржлив развој 12
да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство
(Пренасочено од ЦОР 12)
Цел за одржлив развој 12 (скратено ЦОР 12) — дванаесетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел обезбедување „одговорно користење на ресурсите“. Официјалниот текст гласи „да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство“.[1][2] ЦОР 12 се предвидува да осигура поволно искористување на ресурсите, подобрување на економската ефикасност, одржлива инфраструктура и обезбедување пристап до основните услуги, еколошки и поволни работни места, како и подобар квалитет на живеење за сите.[3] Целта има 11 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон нивното постигнување се мери со помош на 13 показатели.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
- ↑ United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
- ↑ „sdg-tracker.org/sustainable-consumption-production“.[мртва врска]
- ↑ „Sustainable Consumption and Production: A Crucial Goal for Sustainable Development—Reflections on the Spanish SDG Implementation Report“. Journal of Sustainability Research. 1 (2). 2019. doi:10.20900/jsr20190019.