Христос Будов
Христос Будов или Будев (на грчки: Χρήστος Μπούντας, Μπούντες, Христос Будас, Будес) е грчки андартски капетан, дејствувал во почетокот на 20 век во Воденско.
Животопис
уредиБудов е роден во воденското село Владово, тогаш во Османлиското Царство, денес Аграс, Грција. Во 1904 година е привлечен како четник во чета на грчката пропаганда и дејствува против четите на ВМОРО. Во 1905 година е во четата на Константинос Мазаракис. Подоцна предводи сопствена чета, која дејствува во Островско, Воденско, Мегленско и Ениџевардарско. Работи заедно со Неокосмос Григориадис. Учествува во Првата балканска војна како поручник [1][2].