Христијанството во Мавританија

Христијанството во Мавританија е малцинска религија. Во државата има околу 4.500 Христијани, Католици. Целата територија на Мавританија е една бискупија, Римокатоличка бискупија во Нуакшот. Во државата нема повеќе од 200 Протестанти, меѓу кои и странци.

И покрај строгиот државен закон и терор против евангелизацијата, мавританските Христијани растат во бројот и се проценува дека има од 400 до 1000 етнички мавритански Христијани.[1] Во еден период од осум месеци, Miracle Channel, норвешко-шведски ТВ канал, емитувал христијански собири во мавританската пустина со по над 160 луѓе.[2]

Прогон врз Христијаните

уреди

Распространувањето на христијанската книжевност и евангелизацијата на Муслиманите во државата е забранета. Библиите ретко се печатат и се распространуваат. Државната опресија вклучува и апсење на Христијани поради нивните верувања. Има и затворање на цркви. Преобратот од Ислам во Христијанство е казниво со смрт и другите религии не се признати од државата. Сето ова ја прави државата една од најнеразвиените во светот со еден од најнискиот индекс на демократија, слобода на верско изразување и почитување на основните човекови права.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „World Watch List 2010: #8. Mauritania“. Архивирано од изворникот на 2010-10-25. Посетено на 2013-11-20.
  2. „Troens Bevis Verdens Evangelisering - Så på Miracle Channel midt i Mauritanias ørken - Norwegian language“. Архивирано од изворникот на 2012-03-06. Посетено на 2013-11-20.

Надворешни врски

уреди