Храмот Каилаш познат и како Храмот Каиласаната е еден од 34-те манастири и храмови, кои се протегаат во должина над 2 километри, и кои се исклесани во висока базалтна карпа, формираат комплекс лоциран во Елори во индиската држава Махараштра и се симбол на индиска каменорезна архитектура.[1] Изграден е според моделот на планината Каилаш, домот на божеството Шива. Иако има типични дравидски карактеристики, тој е исклесан од една карпа. Изградена е во 8 век, од кралот Кришна I од династијата Раштракута.

Шива лингам во храмот Каилаш
Исклесан столб во храмот Каилаш

Храмот Каилаш се одликува со вертикално ископување. Каменорезците започнале од врвот на карпата и се длабеле надолу, т. е. го "ископале" храмот од карпата. Овој метод бил строго почитуван бидејќи храмот не можел да се издлаби на кој било друг начин.[2] Архитектите кои го дизајнирале овој храм биле од југот на Палава кралство.[3]

Се проценува дека за неколку стотици години од карпата биле издлабени 200.000 тони камења за да се направи оваа монолитна структура.[3] Врз основа на трагите на карпата, археолозите веруваат дека за резба на овој храм биле користени три различни видови длета.

Сите релјефи биле направени на повеќе од едно ниво, со двоспратна врата, што го отвора дворот во форма на буквата "У". Дворот е ограничен со аркади на три ката. Аркадите се украсени камени плочи, а во помалите простории има големи статуи на разни божества. Овие галерии биле поврзани со камени мостови со централните делови на храмот, но биле подоцна срушени.

Постојат две структури во внатрешноста на дворот. По традицијата во храмовите на Шива, ликот на светиот бик Нанди се наоѓа пред централниот храм што го содржи лингамот. Во пештерата 16, Нанди Мандап и главниот храм на Шива се високи над 7 метри и изградени на два ката. Долните катови на Нанди мандап се цврсти структури, украсени со раскошни релјефи. Основата на храмот е исклесана на начин кој сугерира дека слоновите да го држат над земјата.

Камен мост ги спојува Нанди Мандап со предворјето на храмот. Самиот храм е висока пирамидална структура која потсетува на храмовите на Јужна Индија. Светилиштето-заедно со столбови, прозорци, внатрешни и надворешни простории, собирни дворани и огромниот лингам во неговиот центар - е целосно исклесано со сцени на божества, митхунами (машки и женски еротски фигури) и други фигури. Повеќето божества од левата страна на влезот се следбеници на Шива додека на десната страна се следбениците на Вишну.

Во дворот има два столба со знамиња (Dhvajastambhas). Голема статуа на Равана кој се обидува да ја подигне планината Каиласа, домот Шива, е една од најважните во индиската уметност.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ellora UNESCO World Heritage Site“. Посетено на 19. 12. 2006.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Rajan, K.V. Soundara (1998). Rock-cut Temple Styles`. Mumbai, India: Somaily Publications. стр. 142–143. ISBN 81 7039 218 7.
  3. 3,0 3,1 „Kailasanatha Temple - Ellora“. TempleNet. Посетено на 19. 12. 2006.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)