Хотелот Миклич ― поранешен хотел кој функционирал веднаш до денешниот Плоштад на Ослободителниот Фронт во Љубљана, спроти главната железничка станица во Љубљана.

Хотелот Миклич во 1931 година.

Историја

уреди

Главната железничка станица во Љубљана го оживеало тогашното Блатно Село, односно просторот покрај денешната улица „Колодворска“. Гостилницата на Фран Перлес се викала „Цум Морен“ (германски: Zum Mohren; во превод: До Маврите), која била прилично изолирана. Подоцна била преименувана во хотел „Цум Зудбанхоф“ (Zum Sudbahnhof; словенечки: Južni kolodvor; во превод: Јужна станица). По смртта на Фран Перлес, хотелот со ресторан и градина го наследила неговата вдовица Јосипина во 1891 година. Потоа се омажила за Антон Путрич, земјопоседник и лозар и трговец со машини во областите Крска и Литија. Угостителските простории му ги дале под закуп на Јанез Фрицер. Во тоа време, хотелот бил едно од популарните места за собирање на високи владини функционери и вработени. Постојано бил домаќин на здруженија на железници, правници и нотарски службеници, надзорници, а неколку пати и здружение на наставници. Во 1901 година, хотелот го изнајмиле Јосип Лорбер и неговата сопруга Алојзија, потоа од Иван Котник, па Јосип Шреј и Алфред Зајдел, а во 1911 година Леополдина Стелцер.

Во 1913 година, го купил прилично богат трговец со вино, Франк Миклич, и почнал да го реновира. Тој купил и соседни неизградени градежни парцели во областа и во 1928 година го изградил хотелот Миклич со 72 соби. Во следните години го проширил хотелот. Во 1936 година, изградбата била завршена и сопственикот го преименувал хотел Метропол. Имал 164 соби и бил најголем во Љубљана и Југославија во тоа време. Хотелот имал и кафуле, клубски соби, сала, тераса на покривот, куглана, ресторан градина, механичарска работилница и место за автобуси. Пред хотелот имало и трамвајска постојка. Оваа линија била една од првите, бидејќи започнала да работи на 6 септември 1901 година, поврзувајќи ја главната железничка станица со градското собрание .

Хотелот го наследил неговиот син Карел Миклич и го управувал до Втората светска војна. По неа бил национализиран. Истиот бил пуштен во употреба од ЈНА и претворен во Дом на армијата, кој постоел до 1991 година.

По 1991 година, во зградата има различни канцеларии и министерства, а во приземјето има локали.

Извори

уреди
  • Darinka Kladnik (2004). Preobrazbe Ljubljane. Ljubljana : ZIP - Zavod za intelektualno produkcijo. ISBN 961-91035-2-1.
  • Kronika, 2002, št. 3 Iz zgodovine Ljubljane, Ljubljanski hoteli do 2. svetovne vojne

Поврзано

уреди

46°03′27″N 14°30′33″E / 46.057434° СГШ; 14.509206° ИГД / 46.057434; 14.509206