Хосе Гаспар Родригес де Франсија
Хосе Гаспар Родригес де Франсија и Веласко (шпански: José Gaspar Rodríguez de Francia y Velasco, 6 јануари 1766 –20 септември 1840) бил парагвајски политичар, револуционер и еден од двата први претседатели (конзули) на Парагвај, заедно со Фулхенсио Јегрос. Тој бил претседател на Републиката од 1814 до 1840 година.
Хосе Гаспар Родригес де Франсија и Веласко José Gaspar Rodríguez de Francia y Velasco | |
---|---|
Портрет на Франсија. | |
Конзул на Парагвај | |
На должноста 12 октомври 1813 – 12 февруари 1814 12 јуни 1814 – 20 септември 1840 | |
Претходник | Фулхенсио Јегрос (1813) Фулхенсио Јегрос (1814) |
Наследник | Фулхенсио Јегрос (1814) Мануел Антонио Ортиз (1840) |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 јануари 1766 Јагварон, Парагвај |
Починал(а) | 20 септември 1840 Асунсион, Парагвај | (возр. 74)
Националност | Парагваец |
Партија | Independent |
Вероисповед | Католик, атеист од 1820. |
Животопис
уредиХосе Гаспар Родригес де Франсија е роден во Јагварон, Парагвај. Неговиот татко бил по потекло од Бразил кој емигрирал во Парагвај. Неговата мајка била Парагвајка со шпанско потекло. Неговото крстено име било Џозеф Гаспар де Франза и Веласко (Joseph Gaspar de Franza y Velasco), но подоцна во животот започнал да го користи попопуларното име „Родригес“. Исто така, „Франза“ (Franza) го сменил во Франсија (Francia). Оригиналното име на неговиот татко било Гарсија Родригес Франса или на португалски Garcia Rodrigues França, сепак тој го стилизирал целото име и презиме налик на шпанските.
Тој бил учен во манастирско училиште во Сан Франсиско во Асунсион. На 13 април 1785 година, по четири години студирање, тој станал доктор по теологија и магистер по филозофија на Националниот универзитет во Кордоба.[1] Тој зборувал гварански, шпански, француски, латински и по малку англиски. Иако тој бил учен за свештеник, Хосе никогаш не станал тоа.
Хронологија на кариерата
уреди- 13 април 1785: доктор по теологија на магистер по филозофија.
- 1807: станал член на советот во Асунсион
- 1808: станал фискален службеник во советот
- 1809 август: станал шеф на советот.
- 17 јуни – 1 август 1 октомври- 15 декември 1811: секретар на Националната хунта.
- 16 ноември 1812– 1 октомври 1813: секретар за надворешни односи на Националната хунта.
- 1 октомври 1813– 1 октомври 1814: прв конзул на Републиката (заедно со Фулхенсио Јегрос)
- 1 октомври 1814– 1 јуни 1816: диктатор за три години
- 1 јуни 1816– 20 септември 1840: врховен диктатор на Парагвај.
Наводи
уреди- ↑ John Hoyt Williams, The rise and fall of the Paraguayan republic page 21
Дополнителни информации
уреди- FRANCIA, 3 Vols. 600pgs each. Asunción, Paraguay: Editorial Tiempo de Historia. 2009. ISBN 978-99953-816-4-6. An annotated publication of the archived collection of Francia's writings, the Colección Doroteo Bareiro, held by the "Archivo Nacional de Asuncion"
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Биографија на Родригес де Франсија
- „Парагвај: Подемот на Хосе Гаспар Родригес де Франсија“
- Национален архив на Асунсион
- Џон Хојт Вилијамс, „Прагвајската изолација за време на д-р Франсика“
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Фулхенсио Јегрос |
Конзул на Парагвај 1813–1814 |
Наследник Фулхенсио Јегрос |
Претходник Фулхенсио Јегрос |
Конзул на Парагвај 1814–1840 |
Наследник Мануел Антонио Ортиз |