Хонг Мјунг Бо

(Пренасочено од Хонг Мјунг-Бо)

Хонг Мјунг Бо (роден на 12 февруари 1969 година во Сеул) — јужнокорејски поранешен фудбалер, кој заедно со својот сонародник Ча Бум-Кун, често се смета за еден од најголемите азиски фудбалери досега. Хонг бил дел од корејската фудбалска репрезентација на четири Светски првенства, и со тоа станал првиот азиски играч на кој му успеало ова.

Хонг Мјунг Бо
Лични податоци
Роден на 12 февруари 1969(1969-02-12)(55 г.)
Роден во Сеул, Јужна Кореја
Држава Јужна Кореја Јужна Кореја
Висина &100000000000001820000001,82 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2004 (35 г.)
Младинска кариера
Кореја Јуниврзити
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-1997 Поханг Стилерс 110 (14)
1997-1998 Белмаре 42 (0)
1999-2001 Кашива Рејсол 72 (7)
2002 Поханг Стилерс 19 (0)
2003-2004 Лос Анџелес Галакси 38 (0)
Репрезентација
2000 Јужна Кореја Јужна Кореја 23 2 (0)
1990-2002 Јужна Кореја Јужна Кореја 136 (10)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Тој ја започнал својата кариера во екипата на Поханг Стилерс со кој ги освоил корејската К-Лига во 1992, Корејскиот Лига Куп 1993, Корејскиот ФА Куп 1996 и Азискиот куп во 1997, по што се преселил во Јапонија. Таму настапувал за Белмаре Хиратсутака и Кашива Рејсол но никогаш неуспеал да ја освои Џеј Лигата. Единствениот трофеј додека настапувал во Јапонија го освоил во 1999 година триумфирајќи во Џеј Лига Купот. Својата играчка кариера Хонг ја завршил во 2004 година откако поминал две сезони во американскиот клуб Лос Анџелес Галакси.

Хонг е во моментов играчот со најголем број на настапи во репрезентативниот дрес со 136 одиграни натпревари.