Хламидии

(Пренасочено од Хламидија)
За заболувањето предизвикано од хламидиите, видете хламидиоза.
Хламидии
Chlamydia trachomatis
Научна класификација
Домен: Bacteria
Колено: Chlamydiae
Класа: Chlamydiae
Ред: Chlamydiales
Фамилии
Инклузивни тела на Chlamydia trachomatis, кои ја претставуваат репликационата фаза на хламидиите.

Хламидиите (научChlamydiae) се неподвижни облигатни внатреклеточно-паразитски грамнегативни бактерии. По својата форма, тие се кокоидни и достигнуваат од 0,2 до 0,4 µm во својот пречник. Се размножуваат само во цитоплазматичните везикули на живите клетки од нивните домаќини — ‘рбетниците. Големината им се движи од 0,2 - 1,5 µm, додека големината на нивниот геном е 4 x 108 далтони, еден од најмалите прокариотски геноми. Содржината на GC во нивниот геном изнесува 41 - 44 %.

Животен циклус

уреди

Растот, размножувањто и созревањето на хламидиите се обавува обично за време од 48 часа. Во нивниот животен циклус се среќаваат две форми: елементарно тело (ЕТ), кое претставува мало тело со ригиден клеточен ѕид и кое има инфективна природа; тоа преживува во надворешноста откако ќе излезе од клетката-домаќин и ретикулатно или првично тело (РТ), кое е поголемо од претходното и со тенок клеточен ѕид. Претставува неинфективна форма која се дели со цепење. Кога елементарното тело (наречено и хламидоспора) ќе се доближи до одредена клетка и ќе навлезе во неа, тоа се зголемува и ја губи својата ригидност и сега се нарекува ретикулатно тело. Тоа продолжува да расте во големина и започнува да се дели со бинарна делба 10-15 часа по инфекцијата. 20-30 часа по инфекцијата, ретикулатното тело се намалува и од него настануваат повеќе елементарни тела. Инфицираната клетка се разложува (лизира) 40-60 часа по инфекцијата и ги ослободува елементарните тела кои се способни да инфицираат нови клетки од домаќинскиот организам.

Особености

уреди

Микробиолозите ги нарекуваат хламидиите "енергетски паразити", бидејќи сметаат дека тие ја добиваат својата енергија (ATP) од домаќинската клетка, затоа што не се способни сами да ја создаваат (кај нив отсуствува ATP-создавачки систем). Меѓутоа, од неодамна стана познато дека хламидиите поседуваат гени кои кодираат синтеза на ензими одговорни за синтеза на мал дел ATP.

Овие бактерии содржат ензими за синтеза на пептидогликан. Хламидијалните клеточни ѕидови не содржат пептидогликан, но антибиотскиот пеницилин кој ја блокира синтезата на пептидогликан, може да го забави хламидијалниот раст. Никој досега не ја знае причината за постоење на ензими кои учествуваат во синтеза на пептидогликан кај овие бактерии.

Кај хламидиите отсуствува Ftsz генот. Се смета дека тој е неопходен за сите бактерии и археи бидејќи служи за образување на септумот (преградата) која се создава за време на клеточната делба. Затоа, неговото отсуство е причина за непознавањето на начинот на кој се делат хламидиите.

Медицински аспект

уреди

Постојат три опишани видови на хламидии кои можат да ги заразат луѓето: