Химна на Ерменија
Химна на Ерменија, или официјално позната како Моја Татковина (ерменски:Մեր Հայրենիք) — државна химна на Ерменија. Музиката ја компонирал Барсег Каначјан, а текстот е на Микаел Налбандјан. Химната најпрвин била усвоена во 1918 година како химна на краткотрајната Демократска Република Ерменија, а подоцна истата била забранета откако земјата била нападната и вклучена во составот на Советскиот Сојуз. По падот на Советскиот Сојуз, и обновувањето на суверенитетот во 1991 година, песната била повторно усвоена како државна химна на новата држава, иако со малку изменети стихови.
макед. 'Химна на Ерменија' | |
---|---|
Mer Hajrenikh | |
Грб на Ерменија. | |
National химна на Ерменија | |
Текст | Микаел Налбандјан, 1861 |
Музика | Барсег Каначјан |
Усвоена | 1918 |
Повторно усвоена | 1991 |
Укината | 1922 |
Звучен извадок | |
"Mer Hayrenik" (инструментална) | |