Хиераполис
Хиераполис или Јерапол (на старогрчки: Ἱεράπολις, Hiеrаpolis, „Свет град“) — старогрчки град во древна Фригија во Мала Азија (денешна Турција, на планината над Памуккале), во долината на река Ликос на патишта од Сарди за Апамеја, Фригија.
Градот е познат уште од старите времиња, главно поради неговите топли извори.
Хиераполис е вклучен во списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО.
Градот бил основа во 261 – 253 пр.н.е. од Антиох II Теос, како и соседниот град Лаодикија. Во 190 п.н.е. пергамскиот цар Евмен II ги изградил градовите повторно. Во 17 г. градот бил уништен од земјотрес. Во текот на 1 и 2 век биле создадени термални бањи, фонтани, театри и храмови, но во 1334 година повторно бил целосно уништен од земјотрес.
Градот имал важна улога во ширењето на христијанството. Во Хиераполис своите последни години ги поминал апостол Филип заедно со неговата ќерка. Тука и починал околу 80 г., убиен од Римјаните.
Извори
уреди- Frаncеsco D'Аndriа, Hiеrаpolis in Phrygiеn (Pаmukkаlе): еin аrchäologischеr Führеr. Istаnbul 2003, ISBN 975-8070-70-3
- Klаus Bеlkе, Norbеrt Mеrsich, Phrygiеn und Pisidiеn, Tаbulа Impеrii Byzаntini, 7. Wiеn 1990, S. 268 – 272