Хермипа (месечина)

месечина на Јупитер

Хермипа ( старогрчки јазик: Ερμίππη), или Јупитер XXXприородна месечина на Јупитер. Откриен е од страна на екипа на астрономи Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард, Дејвид Џуит и Џен Клијна во 2001 година, и дадена е привремената ознака S/2001 J 3.[1]

Слика од откривањето на месечината (Скот Шепард и Дејвид Џуит во 2001 година)

Хермипа има пречник од 4 километри, ие во орбита околу Јупитер на просечно растојание од 21 Gm со период од 630 денови, со наклон од 151° во однос на еклиптиката (149° во однос на Јупитеровиот екватор), во повратна насока и со занесување од 0,2290.

Именувана е во август 2003 година од страна на МАС, според Хермипа, љубовница на Зевс (Јупитер).[2]

Хермипа е припадник на Ананкината група, и е повратна неправилна месечина во орбита околу Јупитер на растојание меѓу 19,3 и 22,7 Gm, со наклон од 150°.

Наводи

уреди
  1. MPEC 2002-J54: Eleven New Satellites of Jupiter May 15, 2002 (discovery and ephemeris)
  2. IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus Архивирано на 9 јули 2008 г. 2003 August (naming the moon)

Надворешни врски

уреди