Хенир
Во нордиската митологија, Хенир (изворно: Hœnir) е еден од Асите. Тој се споменува како оној кој му помогнал на Один да создаде луѓе.
Споменувања
уредиВо сагата „Инглинга“ (Ynglinga), заедно со Мимир, тој отишол во Ванир како заложник да склопи примирје по Асиско-ванирската војна. Таму, Хенир бил неодлучен и се потпирал на Мимир за сите свои одлуки, негодувајќи неодлучни одговори кога Мимир бил отсутен.
Во поемата „Волуспа“, при создавањето на првите човечки суштества, Аск и Ембла, Хенир и Ложур му помагаат на Один. Според „Прозната Еда“, се вели дека Хенир му дал совест на човекот.[1] „Во „Гилфагининг“, наместо нив се споменуваат Вили и Ве. Бидејќи Снори Стурлусон ја познавал „Волуспа“, можно е Хенир да било друго име за Вили. Исто така, според „Волуспа“, Хенир бил еден од ретките богови што ќе го преживее Рагнарок.
Хенир исто така има мала улога во „Хаустлонг“ (Haustlöng) и „Регинсмал“ (Reginsmál). Кратерот Хенир на Калиста е именуван по него.
Наводи
уреди- ↑ MacCulloch, J.A.(2005). The Celtic and Scandinavian Religions. Cosimo, Inc. ISBN 1-59605-416-6.
Надворешни врски
уреди- Илустрации на Myndir (Мое нордиско дигитално складиште на слики) од Хенир од ракописи и рано печатени книги. Со кликнување на сликата, ќе добиете целосна слика и информации во врска со неа.