Хемиски состав на растенијата
Растенијата имаат сложен хемиски состав.Во основа се составени од водата и од сувата растителна маса,составена од хемиски елементи,од неоргански и од органски соединенија.
Општ хемиски состав на растенијата
уредиВодата е неопходна компонента и основа на животот,есенцијална средина во која
се извршуваат сите животни процеси во растението.Неопходна е за извршување на
најзначајниот процес на зелените ткива,фотосинтезата.На ниво на клетка претста-
вува универзален растворувач,во кој се раствораат органски и неоргански соедине-
нија,метаболити,биосинтетски меѓупроизводи и други компоненти.Неопходна е за
сите процеси на хидролиза и учествува во процесите на адиција.Растенијата ја примаат водата од надворешната средина,а големо количество се создава и како производ на метаболичките процеси.Најголемиот дел од водата е слободно присутна вода,најмногу во протоплазмата,додека клеточните ѕидови имаат најмалку вода.Различните ткива и органи содржат различно количество вода кое се движи во границите од 50% до 90%.Покрј оваа вода,има и друг помал дел што е врзан во клеточните калоиди.Затоа при сушењето на растителниот материјал заостанува дел којшто претставува влага на дрога и се движи од 10 до 12%.Денес наместо називот влага се користи називот губиток со сушење.
Сувата растителна маса е изградена помалку од неоргански дел и многу повеќе од органски дел.
Неорганскиот дел од сувата маса се состои од хемиски елементи и од неоргански соединенија.Растенијата се снабдуваат со елементи од неживата природа од земјиштето.За животот на растението особено значење имаат биогените елементи:H,C,O,N,Na,K,Ca,Mg,P,S,Cl,B,Fe,Mn,Zn,Cu ,Mo.
Според застапеноста во растението се делат во две групи:
Органскиот дел од сувата маса се состои од:
- основни органски соединенија што растението ги создава како првични производи на метаболичкиот процес-моносахариди,аминокиселини,алифатични масни киселини и изопрен.
- изведени органски соединенија што се создават со поврзување на основните соединенија или со нивно метаболизирање.Тие можат да бидат со мали молекули-нискомолекуларни соединенија и со големи молекули-високомолекуларни соединенија.
Производи на првичен и на вторичен метаболизам на растенијата
уредиОсновниот процес со кој се одликуваат растенијата е процес на фотосинтеза.Претставува сложен збир од повеќе реакции кои се одвиваат во зелените делови на телото,најмногу во листовите.Во процесот на фотосинтеза се создава органско соединение,шеќерот гликоза,при што светлосната енергија се претвора во хемиска енергија,а како спореден производ,се ослободува кислород.Создадената гликоза растението ја користи како храна,ја депонира во форма на скроб како резерва храна ,со други метаболни реакции,со вклучување на различни ензими,ја користи за создавање други шеќери,ја метаболизира во масти и ја користи во други биосинтези.Реакции со кои се создаваат други јаглехидрати,или реакции со кои се создаваат масла и белковини,се опфатени со поимот првичен метаболизам на растенијатаа создадените соединенија првични метаболити.
Постои и вторичен метаболизам во кој од првичните производи,со вклучување на различни ензими,под контрола на внатрешни генетски фактори и под влијание на надворешната средина се создаваат разни органски соединенија(вторични метаболити).
За фармакигнозијата значајни се производите на вторичниот метаболизам.Тука спаѓаат-органски киселини,фенолни соединенија,стероиди,хетерозиди,етеричнимасла алкалоиди и др.
Хемискиот состав и класификација на дрогите
уредиХемискиот состав на дрогите претставува комплексна мешавина од различни органски соединенија. Според хемискиот состав растителните дроги се делат на следниве групи:
- дроги што содржат јаглехидрати
- дроги што содржат масни киселини
- дроги што содржат хетерозиди
- дроги што содржат сапонини
- дроги што содржат танини
- дроги што содржат етерични масла
- дроги,смоли и балсами
- дроги што содржат алкалоиди
- дроги што содржат витамини
- дроги што содржат канабиониди
- дроги што содржат склеропротеини
- дроги што се користат за производство на завоен материјал.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |