Хеликоптерска несреќа кај Струмица (2014)
Хеликоптерската несреќа кај Струмица се случила на 10 јули 2014 година во околу 22.00 часот кога хеликоптер на Министерството за внатрешни работи со екипаж од четири лица удрил во предавател на Македонската радио-телевизија и се срушил на земјата.
Сумирани податоци за Accident | |
---|---|
Датум | 10 јули 2014 |
Вид | под истрага |
Место | Струмица, Македонија |
Патници | 4 |
Жртви | 4 |
Тип на авионот | МИ 17-V 5 |
Регистрација | MAP 7712 |
Дестинација | Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево |
Според првичните информации[1], хеликоптерот се враќал од смена на граничната полиција. Очевидци за медиумите изјавиле дека хеликоптерот вртел во воздух повеќе од пет минути без светла, а потоа удрил во предавател висок над 100 метри. Пилотите во текот на летот не пријавиле технички проблем со леталото, кој бил еден од поновите во МВР, произведен во 2008 година[2]. Според поранешен началник на безбедност на летање во воено воздухопловство Небојша Антиќ, пилотите најверојатно се обиделе да го слетаат полицискиот хеликоптер на ледината во близина на Струмица. Хеликоптерот најпрво удрил во сајлите кои го држеле антенскиот столб. Во текот на истрагата биле пронајдени вградените три црни кутии.
Список на починати
уредиИме и презиме | Возраст | Позиција |
---|---|---|
Драги Мицев | 45 | пилот на хеликоптерската единица |
Марјан Трајковиќ | 47 | пилот – капетан |
Тоде Орешков | 44 | воздухопловен инспектор |
Иљо Лопатички | 46 | командир – пилот |
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-07-13. Посетено на 2014-07-14.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-25. Посетено на 2014-07-14.