Хејвен Колман

(Пренасочено од Хевен Колман)

 Хејвен Колман[1] е американска активистка за клима и животна средина.[2] Таа е ко-основач и ко-извршен директор на Американскиот младински климатски штрајк со младинските активисти Александрија Виласењор и Исра Хирси[3][4] организација која е посветена на подигање на свеста и катализирање на промените во врска со климатската криза.[5]

Ран живот

уреди

Хејвен Колман е родена во Денвер, Колорадо.[1] Таа е ученичка во јавните училишта во Денвер.[6]

Активизам

уреди

Колман првпат ја почувствувала привлечностата кон екологијата кога имала десет години, откако дознала дека нејзиното омилено животно, изумира поради уништувањето на шумите. Потоа направила значителни промени во животниот стил инспирирани од одржливото живеење.[7] Нејзината обука во Проект за климатска реалност ја едуцирало дополнително.[8]

Откако го видела смелиот еколошки активизам на Грета Тунберг и климатските штрајкови на младите во Европа, и таа била инспирирана да го стори истото. Така, од јануари 2019 година,[5] на 13 години, почнала да протестира пред деловните објекти или владините згради,[9] како што бил Капитолот на државата Колорадо.[10] Секој петок таа штрајкувала барајќи политичка акција во врска со квалитетот на воздухот, затварање на фабриката за јаглен, обновливите извори на енергија итн. Била масовно малтретирана од врсниците во училиштето кои мислеле дека нејзиниот остар активизам е чуден.[7]

Колман протестирала сама додека не можела да го воспоставила Американскиот младински климатски штрајк заедно со Исра Хирси и Александрија Виласењор.[11] Оттогаш, климатски штрајкови се спроведени низ многу држави во САД.[12] На 15 март се одржал меѓународен протест на младите со вклучени над 120 земји.[13]

Колман станала позната откако разговарала со државниот сенатор Кори Гарднер за загадувачите на јаглеродот на јавен форум во градското собрание. Таа го замолила да преземат акција и му понудила да организирал грасрут движење за да го олеснат процесот, но Гарднер ја одбил.[9]

Како што била на насловните страници, таа го привлекла вниманието на Ал Гор, кој ја поканил Колман да зборува за кампањата 24 часа реалност организирана од Проектот за климатска реалност.[9]

Колман моментално работи на Агенцијата Арид која била насочена кон забрзување на кампањите за еколошка и социјална правда.[14]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Harmeet Kaur (March 15, 2019). „She's 12 and she's trying to save the world by skipping school“. CNN. Cable News Network. Посетено на September 10, 2020.
  2. „Skipping School Around The World To Push For Action On Climate Change“. NPR.org (англиски). March 14, 2019. Посетено на September 10, 2020.
  3. Nardino, Meredith. „Meet the 13-Year-Old Organizer of the US Youth Climate Strike“. DoSomething.org (англиски). Посетено на September 10, 2020.
  4. „19 youth climate activists you should be following on social media“. Earth Day (англиски). June 14, 2019. Посетено на September 10, 2020.
  5. 5,0 5,1 „Climate Reality Leader Haven Coleman Talks Today's Youth Climate Strike“. Climate Reality (англиски). The Climate Reality Project. March 15, 2019. Посетено на September 10, 2020.
  6. Eastman, Katie (September 19, 2019). „A Denver teen goes on strike for the climate every Friday – and this week, she will march with Greta Thunberg in NYC“. KUSA.com. Посетено на September 10, 2020.
  7. 7,0 7,1 Minutaglio, Rose (March 14, 2019). „The World Is Burning. These Girls Are Fighting to Save It“. ELLE. Hearst Magazine Media, Inc. Посетено на September 10, 2020.
  8. Borunda, Alejandra (March 13, 2019). „These young activists are striking to save their planet from climate change“. Environment (англиски). National Geographic Partners, LLC. Архивирано од изворникот на March 15, 2019. Посетено на September 10, 2020.
  9. 9,0 9,1 9,2 Kutz, Jessica (February 23, 2019). „Meet the 12-year-old activist taking politicians to task over climate change“. Grist. Grist Magazine, Inc. Посетено на September 10, 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Grist“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  10. Budner, Ali (March 13, 2019). „Meet the Mountain West Teens Organizing the U.S. Youth Climate Strike“. Elemental. Архивирано од изворникот на April 17, 2021. Посетено на September 10, 2020.
  11. Li, Ang (March 14, 2019). 'It Will Be Too Late for My Generation.' Meet the Young People Organizing a Massive Climate Change Protest“. Time. Time Inc. Посетено на September 10, 2020.
  12. Budner, Ali (March 12, 2019). „Meet The Mountain West Teens Organizing The US Youth Climate Strike“. Colorado Public Radio (англиски). Посетено на September 10, 2020.
  13. Barclay, Eliza; Amaria, Kainaz (March 15, 2019). „Photos: kids in 123 countries went on strike to protect the climate“. Vox (англиски). Vox Media, LLC. Посетено на September 10, 2020.
  14. „Haven Coleman“. SXSW EDU 2020 Schedule (англиски). SXSW, LLC. Посетено на September 10, 2020.