Хаџи Фируз (персиски: حاجی فیروز) — измислен лик во иранскиот фолклор кој се појавува на улиците до почетокот на новата година, Новруз. Лицето му е покриено со саѓи, а тој е облечен во светло-црвена облека и шешир од филц. Тој танцува низ улиците додека пее и свири на тамбура.

Хаџи Фируз

Етимологија

уреди

Хаџи, напишано со осмата буква од персиското писмо, има значење слично како да се користи господине за да се обратите на некоја личност, без лицето да биде витез. Фируз е арапизирана верзија на персискиот збор пируз, што значи „победник“.

Историја

уреди

Во традиционалните песни, тој се претставува како кмет кој се обидува да ги развесели луѓето на кои се обраќа со свои господари.

Точната историја на Хаџи Фируз е непозната. Според некои извори, Хаџи Фируз се заснова врз традиција наречена Мир Новруз. Мир Новруз е комична фигура избрана да владее со општината „последните пет дена од годината“. Привремениот „петдневен крал“ често парадирал низ градот со група пејачи и танчери за прославите на Новруз.

Мехрдад Бахар, истакнат персиски историчар, во 1983 година сметал дека ликот на Хаџи Фируз можеби е изведен од церемонии и легенди поврзани со епот на принцот Сијаваш, кои пак се изведени од оние поврзани со месопотамиското божество на земјоделството и стадата, Тамуз.[1][2] Подоцна, се тврдеше дека поцрнетото лице на Хаџи Фируз го симболизира неговото враќање од светот на мртвите,[3] неговата црвена облека е знак на крвта на Сијаваш и оживувањето на жртвуваното божество, додека неговата веселост е веселбата на повторното раѓање, типична за оние кои носат подмладување и благослов со себе. Бахар шпекулирал дека името Сијаваш може да значи „црнец“ или „човек со темно лице“ и сугерира дека терминот црн во името може да биде референца или на поцрнувањето на лицата на учесниците во гореспоменатите церемонии во Месопотамија, или на црните маски што ги носеле за веселбите.

Наводи

уреди
  1. „Haji Firuz As Iranian Blackface: Why the Iranian-American Community Needs To End This Tradition“. The Iranian (англиски). 2018-04-02. Посетено на 2018-09-02.
  2. Baghoolizadeh, Beeta (2012-06-20). „The Afro-Iranian Community: Beyond Haji Firuz Blackface, the Slave Trade, & Bandari Music“. Ajam Media Collective (англиски). Посетено на 2018-09-02.
  3. „Noruz“. traditionscustoms.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-10-15. Посетено на 2018-09-02.