Харинговидни
Харинговидни Clupeiformes | |
---|---|
Alosa fallax | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Actinopterygii |
Ред: | Clupeiformes |
Фамилии | |
Denticipitidae |
Харинговидни — зракоперки кои припаѓаат на единствениот ред Clupeiformes во рамките на надредот Clupeomorpha. Едни од најпознатите претставници од овој ред се харингите (од фамилијата Clupeidae) и сардините (од Engraulidae). Оваа група ги вклучува во себе едни од најважните риби кои се користат во исхраната.
Повеќето се морски видови, но има проодни и слатководни. Најчесто се среќаваат во северната полутопка. Најголемо видово разнообразие има во западните делови на Тихиот Океан и во Индискиот Океан.
Харинговидните риби се фисостоми , што значи дека нивниот рибен меур поседува пневматски канал преку кој се поврзува со цревото. Обично кај нив отсуствува страничната линија, но пак затоа имаат карактеристични очи, перки и крлушки. По боја најчесто се сребренести со вретеновидни тела и обично живеат во големи јата. Поголемиот дел од видовите се исхрануваат со планктон, што го филтрираат со посебни коскени структури од жабрениот апарат.[1]
Систематика
уредиОвој ред содржи околу 300 вида распоредени во шест фамилии:[2]
Ред Clupeiformes
- Фамилија Denticipitidae (дентикуларна харинга)
- Фамилија Engraulidae (сардини)
- Фамилија Pristigasteridae
- Фамилија Chirocentridae (волчји харинги)
- Фамилија Clupeidae
- Фамилија Sundasalangidae
Наводи
уреди- ↑ Nelson, Gareth (1998). Paxton, J.R. & Eschmeyer, W.N. (уред.). Encyclopedia of Fishes. San Diego: Academic Press. стр. 91–95. ISBN 0-12-547665-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ Предлошка:FishBase order