Хаори
Хаори (羽織 ) — традиционално јапонско сако кое се навлекува преку основното кимоно - косоде. Го носат најчесто мажи (иако постојат и женски верзии) и e формален дел од облека која се носи при свечeности и важни настани. На традиционална церемонија на венчавки неизоставен дел е од облеката на младоженецот.
Хаори не се закопчува, но се врзува на посебен начин со ленти (химо) кои ги спојуваат двата краја од предметот за облекување. Во текот на сенгоку периодот, самураите преку оклопите носеле хаори без ракави, слично како табард во Европа. Во текот на периодот едо, економскиот пораст ѝ овозможил на средната класа да си дозволи хаори (кој до тогаш бил резервиран само за богатата класа), но бидејќи бил донесен закон кој забранувал јавно прикажување на богатства (освен во случај на кастата воини), настанал подискретен хаори со едноставен дизајн, најчесто во една боја.[1]
Во своите ракуго изведби раскажувачите (ракугоке) при влегување на сцена носеле хаори за да го соблечат уште на самиот почеток на приказната. Тоа го правеле за пред публиката, од почит да се прикажат во најформална облека, но го симнувале бидејќи во раскажувањето честопати го имитирале најсиромашниот слој, кој таков предмет за облекување не носел. Хаори на себи може да има грб (мон) кој го означува семејството или некоја друга заедница.
Еден од најпрепознатливите хаори во јапонската историја е оној кој го носеле припадниците на едниниците шинсенгуми (крај на раздобјето едо, Бошин војна) кој бил во сина боја со бели триаголници на краевите на ракавите.
Поврзано
уреди- Хантен - помалку формална јакна