Халил Паша (сликар)
Халил Паша (1857, Истанбул - август, 1939, Истанбул), бил турски сликар и наставник по уметност. Тој беше еден од првите импресионисти во Турција.
Животопис
уредиНеговото семејство потекнувало од Родос, а неговиот татко Селим, бил еден од основачите на Турската воена академија[1].
Како и многу турски уметници од крајот на XIX век кои се стремеле кон западното сликарство, најпрвин, тој го добил своето образование за ликовната уметност во военото училиште за инженерство, денес познато како Истанбулскиот технички универзитет. По дипломирањето, вообичаено било студенти да станат наставници во воените училишта, но тој инсистирал да ги продолжи студиите во Париз. Во 1880 година, неговиот татко конечно се согласи, при што тој поминал осум години работејќи во ателјето на Жан-Леон Героме .
Своето прво ликовно претставување го имал на Светската изложба во 1889 година каде што освои медал. Кога се вратил во Турција, тој сепак станал учител во воено училиште[2].
Во 1906 година, тој ја добил титула „Паша“. Две години подоцна, сепак, на почетокот на Втор уставен период, тој заминал во пензија со чин полковник а продолжил да работи како професор по ликовна уметност во училиштето - Училиште за ликовни уметности и занаети, денес Мимар Синан универзитет за ликовни уметности[3].
За време на Турската војна за независност, тој отишол во Египет на покана на Абас Ḥилми Паша.
Селектирани дела
уредиОд Музејот Сакип Сабанчи, Истанбул[4].
-
Ченгелкеј кеј на Босфорот (1890)
-
Жена со божури (1898)
-
Дама во розово (1904)
-
Девојка сликар и нејзиното студио (1939)
Наводи
уреди- ↑ HALIL PASHA (PAINTER)
- ↑ Halil Pasha Turkish | 1860 - 1939
- ↑ „Halil Paşa was a Turkish painter and art teacher“. Архивирано од изворникот на 2020-09-24. Посетено на 2020-04-13.
- ↑ Artworks