Хакаруски јазик
Хакаруски јазик — јазик кој припаѓа на групата на ајмарански јазици. Овој јазик се зборува во департманот Лима во Перу. Поточно, јазикот се зборува во Тупе и во неколку околни села како што се Ајша и Колка и најмногу има околу 3.000 луѓе што го зборуваат јазикот како мајчин јазик. Голем дел од овие луѓе зборуваат и шпански јазик и се селат во поголемите центри на Перу, особено во Лима.
Голем дел од јазичарите, хакарускиот и кавкискиот јазик ги сметаат за еден ист јазик, има и силни докази дека овие јазици всушност се два посебни.