Хазбанд (рид)
(Пренасочено од Хазбанд (рид на Марс))
Хазбанд (англ. Husband Hill) е рид на планетата Марс, дел од Колумбиските Ридови во кратерот Гусев, недалеку од слетувилиштето на марсоодот Спирит на НАСА. Именуван е во чест на Рик Д. Хазбанд, загинатиот командант на шатлот „Колумбија“.
На 22 август 2005 возилото Spirit се искачило до врвот на ридот Хазбанд за да врши истражувања и почнало да се симнува на 25 септември истата година, проведувајќи речиси два месеци на висорамнината правејќи снимки на местото и околината. На ридот се наоѓа и сртот Камберленд, каде постојат карпи со необично големо количество на фосфор, како и „Елдорадо“, темна албедо-форма на јужната страна.
Надворешни врски
уреди- Мреж. место на марсовите возила (англиски)
- Врвот на ридот Хазбанд - панорамска слика (англиски)
Оваа статија за планетата Марс или нејзините месечини е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |