Хазбанд (англ. Husband Hill) е рид на планетата Марс, дел од Колумбиските Ридови во кратерот Гусев, недалеку од слетувилиштето на марсоодот Спирит на НАСА. Именуван е во чест на Рик Д. Хазбанд, загинатиот командант на шатлот „Колумбија“.

Поглед на Колумбиските Ридови од возилото од слетувилиштето на возилото Spirit. Ридот Хазбанд има највисок врв.

На 22 август 2005 возилото Spirit се искачило до врвот на ридот Хазбанд за да врши истражувања и почнало да се симнува на 25 септември истата година, проведувајќи речиси два месеци на висорамнината правејќи снимки на местото и околината. На ридот се наоѓа и сртот Камберленд, каде постојат карпи со необично големо количество на фосфор, како и „Елдорадо“, темна албедо-форма на јужната страна.

Панорама од 360° направена при симнување од врвот на ридот Хазбанд

Надворешни врски

уреди