ХС „Стрежево“
(Пренасочено од ХС Стрежево)
- За други значења видете на појаснителната страница
Хидросистемот „Стрежево“ е хидросистем во Македонија, изграден во 1982 година за:
- наводнување на 20.200 ha од Пелагонија,
- водоснабдување на Битола и околината, како и дел од индустријата,
- искористување на хидропотенцијалот на водите и
- заштита од поплави на дел од Пелагонија.[1]
Основни објекти на хидросистемот се:
- ХЕЦ „Стрежево“;
- ХЕЦ „Биолошки минимум“;
- ХЕЦ „Довлеџик“;
- ХЕЦ „Филтерница“;
- ХЕЦ „Експлоатационен минимум“;
- Детална цевководна мрежа;
- Насипна брана „Стрежево“;
- акумулација од 109 милиони м3;
- Алиментационен канал – долг 61,5 км, ги зафаќа водите од 7 водотеци од Баба Планина и ги внесува во сливот на реката Шемница;
- Главен доводен канал – за транспорт и дистрибуција на водата до водокорисниците, со вкупна должина од 44 км;
- Центар за динамичка регулација – единствен во Македонија, што овозможува непречено снабдување на потрошувачите со вода и елиминирање на загубите на вода по каналот.
Со Хидросистемот управува ЈП „Хидросистем Стрежево“ од Битола.
Наводи
уреди- ↑ Uzunov, Nikola; Blagoja Andrejevski (1990). Jordan Pop-Jordanov (уред.). Dolgoročniot razvoj na energetikata vo SR Makedonija, 1986-2005: materijali od sovetuvanjeto održano na 27 juni 1987 g. vo Skopje. Skopje: Makedonska akademija na naukite i umetnostite.