ХК Бјерклевен

Бјерклевен е професионален шведски клуб во хокеј на мраз од Шведска. Потекнува од градот Умео. Овој клуб моментално настапува во втората по ранг во квалитет лига во Шведска. Своите натпревари како домаќин ги игра во арената „Т3 Центар“ која има капацитет од 5.400 места за седење. Салата во која настапува овој тим е изградена во 1963 година, а реновирана е во 2001 година. Клубските бои на овој хокеарски тим се: црвена, црна и бела во зависност од тоа дали игра како домаќин или како гостин.

Екипата во текот на 80тите години била редовен учесник на најсилната шведска лига во хокеј. Во 1986/87 година овој тим дури бил и шампион во хокеј на својата држава. Во два случаи тимот завршил како втор во елитната лига. Само по две години од освојувањето на шампионската титула клубот испаднал од најелитното друштво, односно се преселил во втората лига. Во текот на својата историја тимот на Бјерклевен играл само во три ситуации во првата лига, но без некое позначајно достигнување.

Во април 2010 година овој тим по лошите резултати во втората национална лига во хокеј се преместува во третата лига во која настапувал цели шест сезони. Од 2016 година тимот до денес настапува во втората лига.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди