ХЕЦ Глобочица

хидроцентрала во Македонија
(Пренасочено од ХЕ Глобочица)

41°23′39.3″N 20°35′08″E / 41.394250° СГШ; 20.58556° ИГД / 41.394250; 20.58556

Ова е статија за електраната. За езерото видете тука. За други значења тука
Поглед на електраната

Глобочицахидроелектрана од деривационен тип по горното течение на реката Црн Дрим, односно на истоименото езеро.[1]

Особености

уреди

Браната е на околу 22 км северно од Струга. Акумулацијата е за неделно израмнување на водите. Доводот на водата до турбините е со тунел долг 7.721 м. Градена е во периодот 1961–1965 година,[2] а со работа започнала во 1965 година. Има два еднакви агрегата со вкупна инсталирана моќност 42 MW. Турбините се од типот францис. Во периодот 1992–2003 година, просечното годишно производство изнесувало 144,1 GWh, а најголемото било во 1996 година и изнесувало 229,6 GWh.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „50 години македонско електростопанство“. Скопје, 1995.
  2. Ј.П. „Електростопанство на Македонија“, Скопје, 1999.
  3. „Електростопанство на Македонија, годишен извештај“. 2003.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди