ХЕЦ „Врбен“
хидроелектрана во Македонија
(Пренасочено од ХЕ Врбен)
Хидроелектрична централа „Врбен“, скратено ХЕЦ „Врбен“ или ХЕ „Врбен“ — хидроелектрична централа сместена во близина на селото Врбен и дел од ХС „Маврово“ заедно со ХЕЦ „Вруток“ и ХЕЦ „Равен“.[1][2] ХЕЦ „Врбен“ е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот. Заедно со ХЕЦ „Равен“, таа претставува проточна хидроелектрана.
ХЕЦ Врбен | |
---|---|
![]() Поглед на главната зграда на електраната | |
Назив | Хидроелектричната централа „Врбен“ |
Земја | ![]() |
Координати | 41°42′58″N 20°43′20.5″E / 41.71611° N; 20.722361° EКоординати: 41°42′58″N 20°43′20.5″E / 41.71611° N; 20.722361° E |
Статус | функционална |
Сопственик | Електрани на Македонија |
Оператор | Електрани на Македонија |
Информации за произодството | |
Построен капацитет | 12,8 MW |
ИсторијаУреди
Централата започнала со работа во 1957 година.[3]
Технички карактеристикиУреди
ХЕЦ „Врбен“ има два струјотвори и вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати. Инсталираниот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.[3]
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Ј.П. Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;
- ↑ esmak.com.mk, Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010.
- ↑ 3,0 3,1 „Стратегија за искористувањето на обновливите извори на енергија во Република Македонија до 2020 година“ (PDF). Скопје: Министерство за економија. 2010. Посетено на 7 ноември 2017.