ХЕЦ „Врбен“
хидроелектрана во Македонија
(Пренасочено од ХЕЦ Врбен)
Хидроелектрична централа „Врбен“, скратено ХЕЦ „Врбен“ или ХЕ „Врбен“ — хидроелектрична централа сместена во близина на селото Врбен и дел од ХС „Маврово“ заедно со ХЕЦ „Вруток“ и ХЕЦ „Равен“.[1][2] ХЕЦ „Врбен“ е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот. Заедно со ХЕЦ „Равен“, таа претставува проточна хидроелектрана.
ХЕЦ Врбен | |
---|---|
Поглед на главната зграда на електраната | |
Назив | Хидроелектричната централа „Врбен“ |
Земја | Македонија |
Координати | 41°42′58″N 20°43′20.5″E / 41.71611° СГШ; 20.722361° ИГД |
Статус | функционална |
Пуштена | 1957 |
Сопственик | Електрани на Македонија |
Оператор | Електрани на Македонија |
Информации за произодството | |
Построен капацитет | 12,8 MW |
Историја
уредиЦентралата започнала со работа во 1957 година.[3]
Технички одлики
уредиХЕЦ „Врбен“ има два струјотвори и вкупна установена моќност од 12,8 мегавати. Установениот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.[3]
Галерија
уреди-
Водотек во рамки на хидросистемот „Врбен“
-
Цевковод на ХЕЦ „Врбен“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ј.П. Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;
- ↑ esmak.com.mk Архивирано на 21 април 2008 г., Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010.
- ↑ 3,0 3,1 „Стратегија за искористувањето на обновливите извори на енергија во Република Македонија до 2020 година“ (PDF). Скопје: Министерство за економија. 2010. Посетено на 7 ноември 2017.