Fringe, во Македонија познат како Фринџ, е американска научно-фантастична телевизиска серија создадена од Џ.Џ. Абрамс, Алекс Курцман и Роберто Орки. Серијата е фокусирана на група агенти на Федералното Биро за Истрага, поточно секција наречена Fringe или Екстремен оддел, која се занимава со истражување на паранормални и невообичаени криминални случаи. Седиштето на оваа единица е во Бостон, САД. Тимот се служи со нестандардна авангардна наука за да открие и да реши мистериозни појави. Оваа емисија се смета дека вклучува елементи на сродни по тема емисии како што се: Досиеја икс, Altered States, The Twilight Zone и Темен ангел.[1] Во Македонија серијата се емитувала на МРТ.

Fringe
Фринџ
Жанрнаучна фантастика, трилер, хорор, драма
Создадена одЏ.Џ. Абрамс, Алекс Курцман, Роберто Орки
УлогиАна Торв, Џошуа Џексон, Ленс Редик, Кирк Асеведо, Блер Браун, Џесика Никол, Џон Нобл
Тематски композиторЏ. Џ. Абрамс
Композитор(и)Мајкл Гијачино, Крис Тилтон
Земја на потеклоСАД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони5
Бр. на епизоди100 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Џ.Џ. Абрамс, Брајан Брк, Алекс Курцман, Роберто Орки, Џ.Х. Вајман, Џеф Пинкер
Времетраење50 минути (сезона 1), 43 минути (сезона 2 - сезона 5)
Продукциска куќаBad Robot Productions и Warner Bros. Television
Прикажување
Првична мрежаFox
Првично прикажување9 септември 2008 – 18 јануари 2013
Надворешни врски
Мрежна страницаfox.com/fringe

Вовед

уреди

Серијата Fringe е фокусирана на Екстремниот оддел или Одделот за авангардна наука при ФБИ. Како главни ликови околу кои се одвиваат настаните се агентот Оливија Данам, научникот Волтер Бишоп и неговиот син Питер Бишоп. Покрај овие три централни лика, во серијата значајни се и Филип Бројлс, директор на Екстремниот оддел и агенот Астрид Фарнсворт, агент на ФБИ и асистент на Волтер Бишоп. Екстремниот оддел истражува случаи кои се поврзани со авангардната наука, односно почнувајќи од трансчовекови експерименти па сè до патување и судир на паралелни универзуми. Истрагите на Одделот се пресретнуваат со компанијата Massive Dynamic, компанија која се занимава со напредна биотехнологија. Како основач на компанијата се јавува Вилијам Бел, пријател и соработник на Волтер Бишоп, а како управник Нина Шарп. Стандардни ликови низ целата серија се „набљудувачите“, таинствена група ќелави луѓе кои ги набљудуваат животите и работата на некои од главните ликови.

Во првата сезона на Fringe се претставува Одделот за авангардна наука, кој истражува случаи поврзани меѓу себе и наречени „шаблонот“. Овие криминални случаи се организирани од биотерористичката организација ZFT, кратенка од германски за Zerstörung durch Fortschritte der Technologie или на македонски Уништување преку напредна технологија. Во оваа сезона, Оливија дознава дека како дете била дел од серија експерименти изведувани од Волтер Бишоп. За време на експериментите, Оливија примала дрога наречена кортексифан, со чија помош Оливија се стекнала со псионички можности. Исто така, во оваа сезона, Волтер се бори да се приспособи во нормалниот живот бидејќи излегол од ментална институција во која поминал 17 години. Покрај тоа, Волтер се обидува да го сокрие минатото за неговото семејство, особено за неговиот син.

Во втората сезона, дејствата во серијата се одвиваат во двата универзума т.е. нашиот сегашен и паралелниот. Со преминувањето на Волтер Бишоп, Питер Бишоп, Оливија Данам и уште неколку други лица во паралелниот свет, тие дознаваат дека поради поранешни поминувања меѓу универзумите се создале значителни оштетувања во паралелниот свет. Поради тој факт, главните ликови дознаваат дека паралелниот свет се припрема за војна со другиот универзум. Во меѓу време, Питер Бишоп дознава дека тој е син на Волтер Бишоп од паралелниот универзум, а неговиот Питер Бишоп умрел како дете.[2] Волтер Бишоп, веднаш по смртта на неговиот син, измислува машина со која поминал во паралелниот свет и го зел Питер од неговото семејство. Тоа поминување меѓу унивезумите резултирале со значително оштетување во паралелниот свет.

Во третата сезона се прикажуваат сцени од двата универзума. Волтернет, прекар на Волтер Бишоп од паралелниот свет, е во потрага по елементи на една машина со која може да го нападне другиот универзум, но машината е дизајнирана да работи само со Питер Бишоп. Во меѓувреме, сите главни ликови се враќаат дома, освен Оливија која е заробена во паралелниот свет. Нејзината двојничка од паралелниот свет ја заменува Оливија во реалниот свет, претставувајќи се како Оливија и таа ископува информации кои ги пренесува на Волтернет. Набрзо Оливија се враќа дома, а нејзината двојничка се враќа кај Волтернет и дејствието започнува да се развива.

Ликови

уреди
Екипата на Fringe во 2010. Од лево кон десно: Џесика Никол (Астрид Фарнсворт), Блер Браун (Нина Шарп), Ленс Редик (Филип Бројлс), Џон Нобл (Волтер Бишоп), Џошуа Џексон (Питер Бишоп), Ана Торв (Оливија Данам), и продуцентите Џ.Х. Вајман и Џеф Пинкнер
  • Ана Торв како Оливија Данам (сезона 1 — сезона 5), агент на ФБИ чија главна задача е да истражува паранормални криминални акции. Исто така таа го глуми ликот на Оливија во паралелниот свет под името „Фоксилвија“ и „Боливија“.
  • Џошуа Џексон како Питер Бишоп (сезона 1—сезона 5), пријател и соработник на Оливија Данам.
  • Џон Нобл како Волтер Бишоп (сезона 1—денес), познат владин истражувач од областа на авангардната наука.
  • Ленс Редик како Филип Бројлс (сезона 1—сезона 5), шеф на Екстремното крило на ФБИ.
  • Џесика Никол како Астрид Фарнсворт (сезона 1—сезона 5), млад ФБИ агент.[3]
  • Блер Браун како Нина Шарп (сезона 1—сезона 5), шеф на компанијата Massive Dynamic.
  • Кирк Асеведо како Чарлс Френсис (сезона 1—сезона 2: епизоди 1-4, 11), колега на Оливија.
  • Марк Вели како Џон Скот (сезона 1, епизоди 1—13), поранешен колега и љубовник на Оливија.

Наводи

уреди
  1. „Director Set for J.J. Abrams' 'Fringe' Pilot“. Zap2It.com. November 27, 2007. Архивирано од изворникот на 2013-05-27. Посетено на June 24, 2008.
  2. Anthony, Ted (2011-01-20). „Fox's 'Fringe' a Not-So-Distant Mirror of Our Era“. Associated Press. Посетено на 2011-01-21.
  3. Truitt, Brian (2010-07-28). „Jasika Nicole looks to family for 'Fringe' inspiration“. USA Today. Архивирано од изворникот на 2010-08-02. Посетено на 2010-12-17.

Надворешни врски

уреди