Честота (статистика)
Во статистиката, честотата претставува колку пати пооделните модалитети на белегот се јавуваат внатре во набљудуваната статистичка маса.
Видови честоти
уредиАпсолутната честота (fi) покажува колку пати една одредена вредност се појавува во статистичката популација. Збирот на апсолутните честоти е еднаков на вкупниот број на податоци (N).
f1 + f2 + f3 +...+ fn, Σfi = N
Релативната честота претставува однос помеѓу честотата на одделниот модалитет на белегот (fi) и вкупниот број единици на масата (Σfi). Таа може да се изрази во проценти и се означува со ni, а збирот на релативните честоти е еднаков на 1.
ni = fi/Σfi
Кумулативната честота (Fi) го покажува местото (позицијата) на секоја вредност на белегот.
Релативно-кумулативната честота е количник помеѓу кумулативната честота на одредена вредност и вкупниот број на податоци. Таа може да се изрази како процент.
Пример
уредиНабљудувани се најтоплите дневни температури во текот на месец јуни 2012година:
32, 31, 28, 29, 33, 32, 31, 30, 31, 31, 27, 28, 29, 30, 32, 31, 31, 30, 30, 29, 29, 30, 30, 31, 30, 31, 34, 33, 33, 29, 29
xi | fi | Fi | ni | Ni |
---|---|---|---|---|
27 | 1 | 1 | 0.032 | 0.032 |
28 | 2 | 3 | 0.065 | 0.097 |
29 | 6 | 9 | 0.194 | 0.290 |
30 | 7 | 16 | 0.226 | 0.0516 |
31 | 8 | 24 | 0.258 | 0.774 |
32 | 3 | 27 | 0.097 | 0.871 |
33 | 3 | 30 | 0.097 | 0.968 |
34 | 1 | 31 | 0.032 | 1 |
Σ | 31 | 1 |
Во првата колона прикажани се дневните темпрератури почнувајќи од најниската до највисоката. Во втората се наоѓаат апсолутните честоти, а потоа во третата изностот на кумулативните честоти. Четвртата колона ги прикажува релативнините честоти и на крајот може да се согледа збирот на апсолутните честоти.
Табела на честоти
уредиТабела на честота се состои од вредносни податоци подредени според нивната големина и нивните соодветни честоти.
Пример
уредиОценките по предметот статистика на 20 студенти се следниве:
6 7 5 7 7 8 7 6 9 7 2 10 6 8 8 9 5 6 4 8
Нивното прикажување во табела се одвива низ следниве чекори:
чекор 1 Табелата се состои од две колони. Во првата колона прикажани се оценките на студентите по предметот статистика почнувајќи од најниската до највисоката.
оценка | честота |
---|---|
4 | |
5 | |
6 | |
7 | |
8 | |
9 | |
10 |
чекор 2 Се врши пребројуваље колку пати се повторува една иста вредност т.е колку од студентите имаат иста оценка.
чекор 3 Сумираните податоци се внесуваат во колоната за честоти.
оценка | честота |
---|---|
4 | 2 |
5 | 2 |
6 | 4 |
7 | 5 |
8 | 4 |
9 | 2 |
10 | 1 |
Групни интервали
уредиКога располагаме со голем број податоци, постапката за изработка на табела на честоти е малку посложена. Со помош на Стургесовото правило се одредуваат големината и бројот на интервалите.
Хистограм
уредиХистограм е најкорисен начин преку кој најдобро може да се воочат честотите. Тој претставува графички приказ на статистичките податоци со помош на геометриски фигури.
Литература
уреди- д-р Славе Ристески, д-р Драган Тевдовски (IV издание Скопје, 2010): Статистика за бизнис и економија.
- Betty Thorne, William Carlson and Paul Newbold (2012, Hardcover, Revised): Statistics for Business and Economics.