Фрактура на череп

Фрактура на череп е кршење на една или повеќе од осумте коски кои го сочинуваат краниумот на черепот најчесто како резултат на контузија. Доколку силата на ударот е прекумерна, коската може да се скрши кај или блиску до местото на ударот и да предизвика штета на скриените физички структури внатре во черепот како што се мембрани, крвни садови и мозокот дури и кога нема фрактура.

Фрактура на череп
Дел од череп со фрактура
СпецијалностУргентна медицина Уреди на Википодатоците

Фрактура на здрава коска покажува дека била применета значителна сила и се зголемува можноста за повреда додека фрактура на черепот без компликации може да настане без да има физичко или невролошко оштетување и самата по себе обично не е клинички значајна. Сериозен удар во главата доведува до потрес кој може, но и не мора, да биде проследен со губење на свеста.

Сложена фрактура е фрактура која настанува во комбинација со повреда која ја раскинува епидермата и менингесот или поминува низ параназалните синуси и структурите во средното уво, а надворешната средина доаѓа во контакт со мозочната шуплина. Сложените фрактури можат да бидат чисти или контаминирани.

Постојат четири главни видови на фрактури на черепот:

  • линеарни фрактури кои се најчести и обично не е потребна интервенција за нив
  • депресивна фрактури обично проследени со скршени делови од коски кои се изместени внатре во мозокот и за кои е можно да треба хируршка интервенција доколку има оштетување на ткивото
  • дијастатски фрактури кај кои шевовите на черепот се шират, обично кај деца под три години
  • басиларни фрактури кои настануваат кај коските кај основата на черепот

Неврокраниум

уреди

Човечкиот череп анатомски е поделен на два дела: неврокраниумот кој го формираат осум кранијални коски кои го чуваат и заштитуваат мозокот и фасцијалниот скелет (висцерокраниум) кој се состои од четиринаесет коски, без трите ковчиња во внатрешното уво. Терминот „фрактура на черепот“ обично се користи за да се опишат фрактури на неврокраниумот додека фрактурите на коските на лицето се познати како фасцијални фрактури. Доколку е скршена вилицата, тогаш тоа е мандибуларна фрактура.

Осумте кранијални коски се поделени со шевови: една фронтална коска, две париетални коски, една оксипитална коска, една клинеста коска и една етмоидна коска.

Постојат три слоеви во коските на черепот: тврд компактен слој на надворешната страна (lamina externa), сунгерест слој во средината кој содржи црвена коскена срж (diploë) и компактен слој на ватрешната страна (lamina interna).

Дебелината на черепот варира во зависност од локацијата, а со тоа ударот кој може да предизвика фрактура зависи од местото на ударот. Черепот е дебел кај глабелата, надворешното оксипитално испапчување, мастоидните израстоци и надворешниот аглест израсток. На областа на која черепот е прекриен со мускули не постои скриено формирање на сунгерести слој помеѓу внатрешната и надворешната ламина со што мала област на коски е поподложна на фрактури.

Фрактурите на черепот полесно настануваат кај тенките лушпести темпорални и периетални коски, клинестиот синус, форамен магнумот (отворот на долниот дел на черепот низ кој поминува ’рбетниот мозок), петрозниот темпорален гребен и внатрешните делови од клинестите крила на долниот дел од черепот. Средната кранијална фоса која претставува вдлабнување на долниот дел од мозочната шуплина, го формира најтенкиот дел од черепот, а со тоа и најслабиот. Оваа област на черепот е уште послаба поради присуството на повеќе форамини. Како резултат на тоа, има поголеми шанси за басиларни фрактури. Други делови кои се поподложни на фрактури се крибиформната полоча, горниот дел од очната шуплина кај предната кранијална фоса и областа зад мастоидот и дуралните синуси кај задната кранијална фоса.

Линеарна фрактура

уреди

Линеарните фрактури на черепот претставуваат кршење на коските со пробивање черепот од надворешната до внатрешната страна, обично под права линија, а коската не се изместува. Повредата обично настанува како резултат на контузија при која силата од ударот се префрла на дел од широката површина на черепот.

Линеарните фрактури на черепот обично не се клинички значајни освен ако не поминуваат блиску до некој шев или ако опфаќаат вдлабнатина за венски синус или крвен сад. Компликациите кои можат да произлезат се дијастаза на шев, тромбоза на венски синус и епидурален хематом. Во мал број случаи, кај помали деца, може да настане растечка фрактура на мозокот особено ако фрактурата е на париеталната коска[1].

Депресивна фрактура на черепот

уреди

Депресивна фрактура на черепот е видн фрактура која обично е резултат на контузија, како на пример удар со чекан, камен или удар со нога. Ваквите фрактури, кои опфаќаат 11% од потешките повреди на главата, се фрактури кај кои скршените парчиња коски се исчашени навнатре. Депресивните фрактури на черепот носат голем ризик за зголемен притисок во мозокот или крварење во мозокот со што се уништува деликатното ткиво.

Сложена деспресивна фрактура на черепот настанува при повреда врз фрактурата со што внатрешната мозочна шуплина е изложена на надворешната средина. Притоа се зголемува ризикот од контаминација и инфекција. При сложените депресивни фрактури се раскинува тврдата мозочна обвивка (dura mater). Можно е да е потребна операција за депресивните фрактури на черепот за да се подигнат коските од мозокот доколку го притискаат[2].

Дијастатска фрактура на черепот

уреди

Дијастатските фрактури настануваат кога линијата на фрактурата е во дијагонала со еден или повеќе шевови на черепот со што се создава ширење на шевот. Ваквиот вид на фрактура обично се среќава кај бебиња и помали деца бидејќи кај нив шевовите сè уште не се соединети, но можат да се сретнат и кај возрасни. Кај возрасните кога ќе настане дијастатска фрактура, таа обично го зафаќа ламбдоидалниот шев бидејќи овој шев не се соединува целосно пред шеесеттата година од животот кај луѓето.

Дијастатската фрактура може да настане со други видови фрактури, а можно е да настане и дијастаза на кранијалните шевови без придружна фрактура. Дијастаза на шевовите може да настане и при разни вродени болести како што се клеидокранијална дисплазија и остеогенеза имперфекта[3][4][5][6].

Басиларна фрактура на черепот

уреди

Басиларна фрактура на черепот е всушност група линеарни фрактури кои настануваат на основата на черепот и за нив е потребна поголема сила отколку за другите делови од неврокраниумот. Тие се ретки и се единствена фрактура при потешки повреди на главата кај само 4 проценти од пациентите.

Басиларните фрактури имаат карактеристични знаци: крв во синусите, чиста течност наречена ’рбетномозочна течност (ЦСТ) која тече од носот (ринореа) или од ушите (отореа), периорбитална ехимоза позната и како „ракунски очи“[7] (модринки во очните шуплини кои настануваат поради собирање на крв која тече од местото на фрактурата) и ретроаурикуларна ехимоза позната како „Знак на борбата“ (модринки над мастоидниот израсток)[8].

Растечка фрактура на черепот

уреди

Растечка фрактура на черепот (РФЧ) позната и како краниоцеребрална ерозија и лептоменингеална циста[9], наречена поради вообичаеното создавање на цистична маса исполнета со ’рбетномозочна телност. Ова е ретка состојба на повреда на главата и е обично поврзана со линеарните фрактури на париеталната коска на черепот кај деца под три години. Се јавува кај постари деца кај атипични делови од черепот како што е басиооксипиталниот и основата од основниот дел на черепот, како и заедно со други видови фрактури на черепот. Се одликува со дијастатско зголемување на фрактурата.

Постојат повеќе фактори кои се поврзуваат со настанувањето на РФЧ од кои како најважен се смета кинењето на dura mater. Фрактурата на черепот се зголемува како резултат на брзиот физиолошки раст на мозокот кај помалите деца и пулсирањето на ’рбетномозочната течност во скриената лептоменингеална цистична маса[10][11][12][13][14][15][16].

Фрактура на черепот со пукање на краниумот

уреди

Фрактура на черепот со пукање на краниумот е затворена, дијастатска фрактура на черепот со церебрално разлевање надвор од надворешниот дел на черепот под недопрениот скалп. Обично настанува заедно со сериозни повреди кај деца помали од една година.

Со оваа фрактура се поврзува акутното отекување на скалпот. При случаи кај кои нема моментално отекување на скалпот, дијагнозата може да се одреди преку употребата на магнетна резонанца со што се обезбедува побрза терапија и се избегнува можноста да се развие растечка фрактура на мозкот[17].

Сложена фрактура на черепот

уреди

Сложена фрактура на черепот е фрактура која настанува заедно со површинска рана која ја раскинува епидермата и менингесот или поминува низ параназалните синуси и низ структурите во средното уво со што надворешната средина е во контакт со мозочната шуплина.

Сложените фрактури можат да бидат чисти или контаминирани. Кај овие фрактури може да настане интракранијален воздух (пнеумоцефалус)[18].

Најсериозната компликација која може да произлезе од сложената фрактура е инфекцијата. Зголемените ризични фактори за инфекција опфаќаат видлива контаминација, кинење на менингесот, лабави делови од коските и одредување на терапија осум часа по повредата[19].

Сложена подигната фрактура на черепот

уреди

Сложена подигната фрактура на черепот е редок вид на фрактура на черепот при која скрената коска е подигната над недопрениот надворешен дел од черепот. Ваквата фрактура секогаш е сложена во природа. Може да настане за време на напад со оружје при што при првичниот удар тоа навлегува во мозокот и скриениот менингес, а при вадењето скршениот дел од черепот се подига нанадвор. Може да биде предизвикана и од ротирање на черепот во моментот на удирање при контузија, ротирање на черепот при удар во неподвижен предмет, на пример при пад, или при преместување на пациентот по првичната сложена повреда на главата[20][21].

Невролошки дефицит при фрактури на черепот

уреди

Кај пациентите со долготрајни когнитивни нарушувања и емоционални пречки биле забележани скоро двојно повеќе потреси на мозокот или фрактури на черепот без интракранијално крварење или фокален невролошки дефицит отколку кај останатите пациенти. При истражување на пациентите од итната помош кои имале затворена повреда на главата, неврофизиолошките тестирања и компјутерската томографија дале нормални резултати. Според Глазговската скала на кома (ГСК), пациентите немале различни резултати при затворена повреда на главта.

Пациентите со фрактура на черепот имале „неврофизиолошка дисфункција дури и во отсуство на интракранијална патологија или посериозни нарушувања на свеста на ГСК“.

Наводи

уреди
  1. Haar FL (October 1975). „Complication of linear skull fracture in young children“. Am. J. Dis. Child. 129: 1197–200. PMID 1190143.
  2. Singh J and Stock A. 2006. "Head Trauma." Emedicine.com. Retrieved on January 26, 2007.
  3. Paterson CR, Burns J, McAllion SJ (January 1993). „Osteogenesis imperfecta: the distinction from child abuse and the recognition of a variant form“. Am. J. Med. Genet. 45: 187–92. doi:10.1002/ajmg.1320450208. PMID 8456801.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Kanda M, Kabe S, Kanki T, Sato J, Hasegawa Y (December 1997). „[Cleidocranial dysplasia: a case report]“. No Shinkei Geka. 25: 1109–13. PMID 9430147.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. Sabini RC, Elkowitz DE (October 2006). „Significance of differences in patency among cranial sutures“. J Am Osteopath Assoc. 106: 600–4. PMID 17122029.
  6. Pirouzmand F, Muhajarine N (January 2008). „Definition of topographic organization of skull profile in normal population and its implications on the role of sutures in skull morphology“. J Craniofac Surg. 19: 27–36. doi:10.1097/SCS.0b013e31815ca07a. PMID 18216661.
  7. Herbella FA, Mudo M, Delmonti C, Braga FM, Del Grande JC (December 2001). „'Raccoon eyes' (periorbital haematoma) as a sign of skull base fracture“. Injury. 32: 745–7. PMID 11754879.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Tubbs RS, Shoja MM, Loukas M; и др. (Jan 2010). „William Henry Battle and Battle's sign: mastoid ecchymosis as an indicator of basilar skull fracture“. J Neurosurg. 112 (1): 186–8. doi:10.3171/2008.8.JNS08241. PMID 19392601.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Irabor PF, Akhigbe AO (2010). „Leptomeningeal cyst in a child after head trauma: a case report“. West Afr J Med. 29: 44–6. PMID 20496339.
  10. Gupta SK, Reddy NM, Khosla VK; и др. (1997). „Growing skull fractures: a clinical study of 41 patients“. Acta Neurochir (Wien). 139: 928–32. doi:10.1007/bf01411301. PMID 9401652.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  11. Ersahin Y, Gülmen V, Palali I, Mutluer S (September 2000). „Growing skull fractures (craniocerebral erosion)“. Neurosurg Rev. 23: 139–44. doi:10.1007/pl00011945. PMID 11086738.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. Muhonen MG, Piper JG, Menezes AH (April 1995). „Pathogenesis and treatment of growing skull fractures“. Surg Neurol. 43: 367–72, discussion 372–3. doi:10.1016/0090-3019(95)80066-p. PMID 7792708.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  13. Caffo M, Germanò A, Caruso G, Meli F, Calisto A, Tomasello F (March 2003). „Growing skull fracture of the posterior cranial fossa and of the orbital roof“. Acta Neurochir (Wien). 145: 201–8, discussion 208. doi:10.1007/s00701-002-1054-y. PMID 12632116.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. Ziyal IM, Aydin Y, Türkmen CS, Salas E, Kaya AR, Ozveren F (1998). „The natural history of late diagnosed or untreated growing skull fractures: report on two cases“. Acta Neurochir (Wien). 140: 651–4. PMID 9781277.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  15. Locatelli D, Messina AL, Bonfanti N, Pezzotta S, Gajno TM (July 1989). „Growing fractures: an unusual complication of head injuries in pediatric patients“. Neurochirurgia (Stuttg). 32: 101–4. doi:10.1055/s-2008-1054014. PMID 2770958.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  16. Pezzotta S, Silvani V, Gaetani P, Spanu G, Rondini G (1985). „Growing skull fractures of childhood. Case report and review of 132 cases“. J Neurosurg Sci. 29: 129–35. PMID 4093801.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  17. Donahue DJ, Sanford RA, Muhlbauer MS, Chadduck WM (December 1995). „Cranial burst fracture in infants: acute recognition and management“. Childs Nerv Syst. 11: 692–7. PMID 8750951.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  18. Fundamentals of diagnostic radiology by William E. Brant, Clyde A. Helms p.56
  19. Rehman L, Ghani E, Hussain A; и др. (Mar 2007). „Infection in compound depressed fracture of the skull“. J Coll Physicians Surg Pak. 17 (3): 140–3. PMID 17374298.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  20. Elevated skull fracture[www.ijntonline.com/Dec07/abstracts/abs12.PDF]
  21. Adeolu AA, Shokunbi MT, Malomo AO, Komolafe EO, Olateju SO, Amusa YB (May 2006). „Compound elevated skull fracture: a forgotten type of skull fracture“. Surg Neurol. 65: 503–5. doi:10.1016/j.surneu.2005.07.010. PMID 16630918.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)