Фотохемиски процеси
Во рецепторните клетки на окото постојат хемискии материи кои под влијание на светлосната енергија се разградуваат и притоа создаваат нервен импулс, што по нервен пат се носи во централниот дел на анализаторот за гледање во кората на големиот мозок. Во стапчињата е присутен пигментот родопсин, а во чунчињата јодопсин. Во составот на двата пигмента влгува коротиноиден пигмент ретинен(алдехидна форма на витаминот А). Родопсинот се состои од ретинен и скотопсин, а јодопоинот од ретинен и опсин. На светло, под влијание на светлосните зраци родопсинот се разлага на ретинен и скотопсин а во темнина тој се ресинтетизира од скотопсинот и ретиненот. Ретиненот се добива од витаминот А, по пат на ензиматско дејствување. Доколку во организмот недостасува витаминот А, тогаш ресинтезата на родопсинот се нарушува, што доведува до појава позната како кокошкино слепило. Кај вакви луѓе гледањето во приквечерина е силно намално. Јодопсинот исто така се разрушува под влијание на светлоста и повторно се синтетизира во текот на ноќта. Рапаѓањето на јодопсинот во споредба со родопсинот е 4 пати побавна. За пренесување на импулсите во ретината одговорни се следниве клетки: биполарни, хоризонтални, амакрини и ганлиски.
Колорно гледање
уредиЧовекот е во можност да разликува голем број на бои. Денес се смета, дека во нашето око постојат три типа Фотосензабилни чунчиња кои примаат три основни бои : црвена, зелена и сино-виолетова. На електромагнетните бранови со бранова должина од 430 nm, реагираат чунчиња одговорни за создавање на чувство за сина боја. Зелената боја се чувствува кога дејствуваат бранови со бранова должина од 535 nm, а црвената се чувствува при бранова должина од 575 nm. При еднакво и едновремено дразнење на чунчињата за сина, зелена и црвена боја се добива чувство за бела боја, а со нееднаквото дразнење се добиваат други бои и нијанси. При слаба светлост боите не се разликуваат. Се губи способноста за фотопичното колорно гледање и гледањето станува скотопично. При скотопичното гледање нашето око ги разликува белата, црната, и нијансите на сивата боја. Јасно е дека видот на гледањето зависи од интензитетот на осветлувањето на рецепторните клетки. При добра осветленост се дразнат чунчињата па имаме фотопично гледање при слаба светленост се дразнат стапчината па имаме скотопично гледање.
Аномалии за бои
уредиДоколку во ретината недостасуваат чунчиња за црвена боја тогаш се јавува аномалија наречена протанопија. За човекот велиме дека е протаноп. Процентот на мажи кои немаат ген за црвена боја изнесува 2%. Кај луѓе кои недостасуваат чунчиња за зелена боја се нарекуваат деутеранопи, а појавата деутеранопија. Кај мажите оваа аномалија се јавува во 6%. Луѓе слепи за виолетова боја се тетанопи, а аномалија се нарекува тританопија. Се јавува многу ретко. Кај жените аномалиите за боите се многу поретки (0,5%). Одредување на способноста на окото за колорно гледање се испитува со помош на таблица на Ишихар, во кои меѓу голем број крукчината со различна боја се наоѓаат детали со одредена (испитувана) боја. Од лицата кои се испитуваат се бара да се каже што гледа на дадената слика на таблицата Ишихар. Испитаникот може да распознава / неразпознава бои.
Офталмоскопија
уредиНабљудување на очното дно, бидејќи ретината е издаток на мозокот и има значење на цереброскопија.
Спроводен дел (n. optikus)
уредиСпроводен дело го градат аксоните на ганглиските клетки од ретината. Тој го напушта очниот булбус, носејќи информации што окото ги прима од надворешната информација. Доколку се пресече еден оптички нерв се највува слепост на истото око. Во хијозмата на оптичкиот нерв влакната од назалните делови од ретината се вкрстуваат и излегуваат во состав на спротивниот tractus optikus, додека истостраниот tractus optikus. Сагитално пресечување на хијозмата доведува до разнострано полуслепило. Во видните полиња се исклучени темполарните половини. Пресекување на левиот оптички трактус доведува до истострано полуслепило. Во видните полиња се исклучени темполарните половини. Пресекување на левиот оптички трактус доведува до истострано полуслепило. Во видното поле за левото око е исклучен назалниот, а во десното видно поле темполарниот дел. Аксоните на tractus opticus завршуваат во примарниот оптички центар во него се врши соединување на видните впечатоци што потекнуваат од коресподентните полиња од ретината на двете очи. Уште една важна улога на примарниот оптички центар е препознавање на бои.
Централен дел
уредиПримарниот дел од нализаторот за гледање што е сместен во окципиталниот лобус има улога да ја воочи формата, осветленоста на предеметот и неговата боја. Во асоцијативните видни полиња се врши дополнителна обработка на видните информации.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |