Фотодерматози се оштетувања на кожата предизвикани од актиничко зрачење. Фотосензитивноста е абнормална (невообичаена) реакција на кожата на светлина. Сонцето емитира електромагнетни зраци со различна бранова должина. Биолошките ефекти на светлината врз кожата можат да бидат корисни (синтеза на витамин D) и штетни (појава на карциноми).

Фотодерматоза предизвикана од контакт на кожа со актиничко зрачење (Heracleum sosnowskyi)
Фотодерматоза предизвикана од контакт на кожа со актиничко зрачење (Heracleum sosnowskyi)

Ултравиолетово зрачење

уреди

Видливата светлина сочинува околу 50% од енергијата на Сончевиот спектар, UV-зраците 10% а инфрацрвените околу 40%. Фотобиолошки ефект од најголем интерес за дерматологијата предизвикуваат видливата светлина и ултравиолетовата група. Невидливото ултравиолетово зрачење е поделено во 3 групи:

  • Кратките бранови UVC не допираат до земјата, бидејќи на својот пат кон неа се апсорбираат од атмосферата. Можат да се произведат и вештачки. Тие се употребуваат за бактериска стерилизација на воздухот. Предизвикуваат еритем(црвенило), кој е видлив по 6 часа, слаба пигментација и ги дразнат очите. Затоа мора да се носат заштитни очила при работа со нив.
  • UVB-зраците се дел од природната сончева светлина и допираат до земјата. Можат да се произведат од вештачки извори за дијагностички и терапевтски потреби. Треба да се носат заштитни очила кога се работи со нив, затоа што гииритираат очите. Не оиминуваат низ прозорско стакло, поминуваат низ вода, така што можат да се добијат изгореници за време на пливање. Под дејство на UVB се врши синтеза на витамин D во кожата.

Пигментација

уреди
  • Директна, брза пигментација настанува со дејствување на UVA-брановите помеѓу 320 и 450 nm. Се јавуваат брзо по изложувањето и исчезнува за неколку часа.
  • Индиректа. Доцна пигментација (тенот) се појавува по 24-72 часа. Брановите должини околу 300 nm имаат најсилен капацитет за пигментација. Перзистира со недели.


Пигментацијата на кожата е генетска детерминирана. Таа зависи од бројот и од активноста на епидермо-меланински единици. Задебелувањето на епидермисот и зголеменото количество на меланин, кои се јавуваат како реакција на UV-зраците, се заштитни бариери на кожата. Најпотребно е кожата да се заштите од брановите должини помеѓу 290 и 320 nm преку употреба на кремови, масла, емулзии што содржат заштитни фактори(супстанции чиј апсорпционен спектар го покрива ова подрачје.) Во почетокот треба да се употребуваат на секои 2 часа за време на изложување на сонце. Личности со светла кожа треба да користат колку што е можно повисок заштитен фактор. Многу дерматози се поврзани директно или индиректно со светлината, можат да се јават како изгореници, фототоксични и фотоалергични болести, до доброќудни и злоќудни кожни тумори.

Фототоксични реакции

уреди

Фототоксичните реакции се дерматози што настануваат со неалергиска сензибилација, односно заедничко дејство со светлината и фотесензибилизатор на кожата.

Фототоксичен дерматит

уреди

Фотоксичен дерматит е презвикан со заедничко дејствување на фотосензибизизатор и сончева светлина врз кожата. Фотосензибилизаторот може да биде ендоген или може да биде внесен ензогено преку кожата (органски бои, катрани), системот за варење или парантерално (лекови).

Клиничка слика

уреди

Се јавуваат црвенило и оток на деловите изложени на сонце. Се развиваат меурчиња и меури. Симпомите се исти со тие на акутна изгореница. Постои болна осетливост, јадеж и печење. Промените се јавуваат по 12-24 часа. Кожата заздравува со хиперпигментација.

Терапија

уреди

Исклучување на фотосензибилизаторот (најчесто некој лек) и употреба на кортикостероидни кремови, а понекогаш и на аналгетици и седативи.

Превенција

уреди

Потребно е да се користат средства за заштита од сонце.

Фототоксични материи

уреди

Фототоксични материи можат да се сретнат во козметички препарати: парфеми, тоалетни води, колонски води, лосиони. Нанесени на кожата под дејство на сончевата светлина (UVA) даваат промени кои имаат облик на капка што тече. Потењето, влажната кожа и ветерот го засилуваат овој процес.

Клиничка слика

уреди

Неколку часа по изложување на сонце се појавуваат црвенило, меурчиња или меури кои заздравуваат се хиперпигментација. Со помала доза на сончево зрачење воспалителниот стадиум отсуствува, а се развива хиперпигментација. Местата на појавување се обично лицето, вратот, градите и грбот. Се јавуваат кафено-црвени или темнокафени линии кои се совпаѓаат со линиите по кои растекол парфемот или колонската вода.

Терапија

уреди

Најпрво е потребно да се прекине со сите фототоксични супстанции. Локално на површината на пигментацијата се прави пилинг со ретиноична киселина 0,1%, хидрокинон 5%, бетаметазон.

Фотоалергиски реакции

уреди

Фотоалергиска реакција е резултат на заемно дејство на фотосензибилизатор (најчесто лекови) светлина и имунолошко нарушување.

Фотоконтактна алегрија

уреди

Фотоконтактната алергија предствавува болест која се јавува под дејство на UV_зраците на откиените делови од телото, при постоење на директен контакт со алергенот. Боплеста е присутна во текот на целиот живот.

Клиничка слика

уреди

Се манифестира со остро ограничено црвенило, појава на јазолчиња и меурчиња на фотоекспонираните делови. Деловите околу устата и очите се ослободени. Доколку алергенот не се отстрани болеста, таа зазема хроничен тек. Црвенилото на кожата не е силно изразено и таа се задебелува и се лупи. Од субјективни симптоми е застапено чешање.

Терапија

уреди

Одстранување на фотоалергенот. Потребна е заштита од сонце.

Фотоалергии со непознат сензибилизатор

уреди

Urticaria solaris

уреди

Претставува алергиска реакција предизвикана од краткотрајно изложување на сонце или на вештачка светлина, која се манифестира со појава на уртика. Се јавува на покриени кожни површини.

Клиничка слика

уреди

Некоку минути по изложувањето на сонце доаѓа до појава на црвенило, печење и уртики кои предизвикуваат чешање. Промените се јавуваат на фотоекспонирани, но и на заштитени делови на кожата. Уртикаријалната реакција трае до неколку минути до неколку часа, а потоа може спонтано да исчезне. Во зависност од дозата на светлината, може да се јават кардиоваскуларни симптоми, хипотензија, тахикардија, дури и појава на шок.

Терапија

уреди

Потребно е избегнување на сонце, како и ефикасна заштита. Во поново време се прават обиди за лекување со фотохемотерапија(ПУВА). Лекувањето треба да започне пред појавата на сончевите периоди.