Отвори го главното мени

Форд Мадокс Браун (англиски: Ford Madox Brown) (16 април 1821, Кале, Франција - 6 октомври 1893, Лондон, Англија) — британски сликар.

Форд Мадокс Браун
Ford Madox Brown.jpg
Форд Мадокс Браун
Роден(а)16 април 1821(1821-04-16)
Кале, Франција
Починал(а)6 октомври 1893(1893-10-06) (воз. 72 г.)
Лондон, Англија
НационалностБританско
Познат(а) поСликање
Значајни делаРабота
Простување од Англија
ПравецПредрафаелизам

Студирал во Брухе, Антверпен, Париз и Рим. Во Италија во 1845 година се сретнал со Питер фон Корнелиус, член на Назарените, кој влијаел врз неговиот стил. Неговото користење на боите, деталноста, држењето и вкусот за литературни предмети, силно влијаел врз предрафаелистите, а најмногу врз Данте Габриел Росети. Негови најпознати слики се: „Простување од Англија“ (1852-55), значаен придонес кон емиграцијата и „Работа“ (1852-63), викторијански социјален коментар. Во 1861 година станал основачки член на компанијата Вилијам Морис, за која ги дизајнирал обоеното стакло и мебелот.

Користена литератураУреди