Флоридски Проток
(Пренасочено од Флоридски теснец)
Флоридскиот Проток (англ. Strait(s) of Florida, Florida Straits, шпан. Estrecho de la Florida) е проток на југоисток од континентална Северна Америка, помеѓу Мексиканскиот Залив и Атлантскиот Океан, и помеѓу островската група Флорида Киз и островот Куба. По протокот тече Флоридска струја, која е почеток на Голфската струја која започнува од Мексиканскиот Залив.
Правата на нафтата и земниот гас во Флоридскиот Проток се поделени помеѓу САД и Куба по договор во 1977 г.