Флоридски Проток

(Пренасочено од Флоридски Теснец)

Флоридскиот Проток (англ. Strait(s) of Florida, Florida Straits, шпан. Estrecho de la Florida) е проток на југоисток од континентална Северна Америка, помеѓу Мексиканскиот Залив и Атлантскиот Океан, и помеѓу островската група Флорида Киз и островот Куба. По протокот тече Флоридска струја, која е почеток на Голфската струја која започнува од Мексиканскиот Залив.

Местоположбата на Флоридскиот Проток
Флорискиот Проток гледан од вселената

Правата на нафтата и земниот гас во Флоридскиот Проток се поделени помеѓу САД и Куба по договор во 1977 г.

Поврзано

уреди

23°56′03″N 80°55′33″W / 23.93417° СГШ; 80.92583° ЗГД / 23.93417; -80.92583