Кинопроизводство

(Пренасочено од Филмска продукција)

Кинопроизводството (во академски контекст често наречено кинопродукција) — процес на правење на филм, од првична приказна, идеја, или задача, преку пишување на сценарио, снимање, уредување, режирање и прикажување на финалниот производ пред публика, што потоа може да резултира и во тв програма. Правењето филмови се случува насекаде во светот преку различни економски, социјални, политички контекст. Се користат различни технологии и кинематографски техники. Типично, тоа вклучува голем број на луѓе и зафаќа голем период на време од неколку месеци до неколку години. Се разбира, процесот трае подолго ако постојат проблеми во продукцијата. Најдолго правен филм е филмот The Thief and the Cobbler, чие време на производство траело дури 28 години.

A film being made in Warsaw, Bracka street

Фази

уреди

Продукцијата на филм зафаќа 5 фази.

  • Развивање – се пишува сценариото и се внесува во работна шема за филм
  • Пред Продукција – се прават подготовки за снимањето. Се вработува филмски екипаж и глумци. Се одбираат локации и се подготвуваат местата на сцените.
  • Продукција – скелетот за завршниот филм е снимен
  • Пост Продукција – филмот се уредува, се додаваат дијалозите и музиката одделно, се компонираат музичките траки и песни, и компјутерски се додаваат визуелни ефекти. Сите елементи се сплотуваат во целина и филмот е целосно завршен (заклучен).
  • Продажба и дистрибуција – филмот се прикажува за потенцијални купувачи (дистрибутори), и откако ќе биде одбран тој стигнува во кината или до домовите.

Прва фаза – развивање

уреди

Во оваа фаза, продуцентот одбира приказна, која може да доаѓа од книга, драма, друг филм, оригинална идеја, вистинита приказна итн. По идентификувањето на темата или главната порака во филмот, продуцерот работи со продуцентите и подготвуваат краток преглед. Следно тие ги прават главните црти на филмот коишто ја кршат приказната на кратки сцени кои се концентрираат на драмската структура. Потоа подготвуваат постапка, 25-30 страни кои ја опишуваат приказната, расположението и ликовите во неа. Ова најчесто содржи малку дијалог и ражирање, но почесто содржи нацрти кои помагаат во прикажувањето на главните точки. Друг начин е да се напише сценариото откако ќе се одбере краткиот осврт. Следно, продуцентот пишува сценарио преку подолг период од неколку месеци. Тој може да го измени истото за да ја подобри драматизацијата, јасноста, структурата, ликовите, дијалозите, и севкупниот стил. Како и да е, најчесто продуцантите прескокнуваат неколку чекори и се насочуваат кон тоа што сакаат потенцијалните дистрибутори, па го прават сценариото по нивен вкус. Некои холивудски дистрибутори се убедени дека факторите како што се филмскиот жанр, целната публика, историскиот успех од слични филмови, глумците кои се појавуваат во филмот, и потенцијалните режисери, можат да придонесат за поголем финансиски успех на филмот. Што е всушност и вистина. Друг фактор кој придонесува за гледаност и успех на филмот е неговата глобална дистрибуција, еден начин преку прикажување во кината, а друг дистрибутирање преку различни медиуми вклучувајќи DVD, Bluray итн. Продуцерот и продуцентот подготвуваат филмски степени и статистики и го презентираат филмот на потенцијални финансери. Ако успее презентирањето на филмот тие добиваат зелено светло, што значи дека некој понудува финансиска поддршка. Типично ова би било некое големо филмско студио, филмска групација или независен инвеститор. Луѓето кои се вклучени преговараат за зделка и потпишуваат договори. Откако сите страни се задоволни со зделката, филмот може да продолжи во пред продукцискиот период. До оваа фаза. Филмот би требало да има дефинирана пазарна стратегија и целна публика.

Пред Продукција

уреди

Во пред продукцискиот период, секој чекор од правење на филмот е внимателно дизајниран и планиран. Продукциската компанија е создадена и производната канцеларија е основана. Се подготвува ТВ илустрираниот приказ со помош на илустратори. Концептиран е буџетот за филмот и се планираат трошоците за филмот. За поголеми продукции, филмот е осигуран за да се заштити против несреќи. Продуцерот вработува екипаж. Природата на филмот, и неговиот буџет, одлучува за тоа колкав и од каков тип ќе биде екипажот. Повеќе познати холивудски филмови вработуваат стотици членови на екипажот, додека филмови со мал буџет или независни филмови се направени од екипаж составен од осум или девет (или помалку) членови. Овие се типични позиции на членовите на екипажот. Режисерот е примарно задолжен за прикажување на приказната, креативни одлуки и глумата во филмот. Асистент режисерот (АД) го одредува текот и времето на снимањето и логистиката на продукцијата, покрај друи задачи. Постојат повеќе типови на АД, секој со посебна одговорност. Распоредувачкиот режисер пронаоѓа глумци за да ги исполнат улогите во скриптата. Ова најчесто вклучува аудиција за глумци. Менаџерот задолжен за локации наоѓа и средува филмски локации. Најмногу од сцените се снимени во контролирана околина на студио со додаден звук во студиото. Но често надворешните секвенци мораат да се снимаат на дадена локација надвор од студиото. Продукцискиот менаџер е одговорен за продукцискиот буџет и продукцискиот план. Тие исто така одговараат во името на продукцискиот оддел, на извршителите од студиото или на финансерите од филмот. Режисерот на фотографија (ДоП) е кинаматографер кој го надгледува снимањето на целиот филм. Режисерот на аудиографија (ДоА) е аудиографер кој ја надгледува аудиографијата од целиот филм. За продукција во Западниот свет оваа улога е исто така позната како дизајнер за звук или надгледен уредувач на звук. Продукцискиот мешач на звук е главата на одделот за звук и аудио во продукциската фаза од правењето на филмот. Тие го снимаат и мешаат звукот на сцената – дијалогот, присутноста и звучните ефекти во моно звук и амбиентот на сцената во стерео звук. Тие работат со ,,Бум Операторот” , режисерот, ДоА, ДоП и главниот асистент режисер. Звучниот дизајнер го создава слушниот концепт на филмот, работејќи со надгледувачкиот звучен уредник. На некои продукции, звучниот дизајнер ја глуми улогата на режисер на аудио. Композиторот создава нова музика за дилмот. (најчесто не пред пост продукцијата) Продукцискиот дизајнер создава визуелен концепт на филмот, работеќи со уметничкиот режисер. Уметничкиот режисер менаџира со уметничкиот оддел на филмот, што ги прави продукциските сетови/сцени. Костимографот дизајнира облеки за ликовите во филмот и работи доста блиску со глумците, како и другите оддели. Дизајнерите за шминка и фризура работи блиску во адиција со костимографот за да создава одреден изглед за карактерот. The storyboard уметникот создава визуелни прикази за да им помогне на режисерот и продукцискиот дизајнер да ги претстават нивните идеја на продукцискиот тим. Кореограферот ги создава и координара движењата и танцот – типично за мјузикли. Некои филмови исто така вработуваат и кореографер за борби.

Продукција

уреди

Во продукција, се прави видео продукцијата/филмот и се снима. Поголем дел од екипажот ќе бидат најмен за оваа фаза, како што се, сценаристот надгледувач, асистентите на режисерот, фотограферити стилисти, уредувачите на сликата, звучните ефекти. Овие се само најчестите улоги во снимањето на филмовите. Одделот за продукцијата има голема слобода при одбирањето на соодветните луѓе за екипажот во оваа фаза на правењето филм. Типичен ден за снимање започнува со пристигнувањето на екипажот на локацијата на снимањето во потребното време. Глумците најчесто имаат одделни рабтни часови. Потребно е некогаш поголемо време за да се намести и подготви сцената или местото на снимањето така што глумците знаат кога ќе бидат повикани однапред. Посебните екипажи за електричните инсталации и продукцискиот дизајн типично се неколку чекори пред другите како што се одделите за камера и звук. За поголема ефикасност тие ја подготвуваат новата сцена за време на снимањето на претходната. Додека членовите на екипажот ја подготвуваат нивната опрема, глумците се спремаат и ги облекуваат нивните одела и костуми. Им се потготвува фризурата и шминката пред снимањето. Глумците ги препрочитуваат деловите од сценариото и се прават последните промени и нагодувања. Конечно дејството се снима колку пати што треба за да биде задоволен режисерот. Повеќе американски продукции следат одредена процедура: Асистент режисерот (АД) вика “камерите се вклучени!” за да ги информира сите дека е време за снимање и додава “нека биде тишина”. Откако сите се спремни за да се снима, ассистент режисерот повикува “звукот е подготвен” (ако сцената вклучува звук), и мешачот на звукот ја стартува опремата, ги додава вербално статистиките кои ја карактеризираат следната сцена и јавува дека се е спремно. Асистент режисерот следи со “roll camera”, му одговараат со “speed” штом операторот на камерата започнал со снимањето. Клаперот (clapper) кој е веќе пред камерата со клапплочата, ја затвора (типично) и извикува “marker”. Последниот збор го дава режисерот – акција! Снимањето на сцената ќе престане кога режисерот извикува “сечи” и снимањето престанува. Супервизорот на скриптата забележува некои посебни грешки и им ги соопштува на разните тимови кои потоа ги забележуваат на посебни табли за извештај. Откако по неколку обиди режисерот е задоволен од сцената тогаш снимањето завршува. На крајот на денот режисерот ги потврдува плановите за следниот ден и извештајот за напредокот се испраќа во продукцискиот оддел. Ова ги вклучува извештаите од повеќе различни тимови во продукцијата. Повикувачки листови се доставуваат до екипажот и глумците покажувајќи им каде треба да се снима наредниот ден. Понатаму, режисерот, продуцентот и главите на другите оддели можат да се соберат и да ја прегледаат скорешната снимка, оценувајќи го нејзиниот успех. Со работни денови кои траат често од 14 до 18 часа во оддалечени локации, филмската продукција е склона да создаде тимски дух. Кога целиот филм е снимен или е во фаза на завршување, продукцискиот оддел обично организира завршна забава за да се заблагодари на напорите вложени од екипажот и глумците во снимањето на филмот.

Пост-продукција

уреди

Овде видеото/филмот е составен од видео/филмскиот уредувач. Модерното користење на видеото во правењето филмови резултираше во повеќе работни варијанти: една - целосно користење на филм, а другото е користење мешавина од филм и видео.

Дистрибуција и прикажување

уреди

Ова е финалната фаза, кога филмот и донесен во кината или, најчесто во медиуми како што се DVD, VCD, VHS, Blu-ray или директно симнување од интернет преку одреден услужник. Филмот се дуплицира како што е потребно за дистрибуцијата во кино салите. Новините ги рекламираат содржините и материјалите како би ги промовирале филмовите. Дистрибутерите на филмови најчето презентираат фил со вклучување на медиумите. Повеќе филмови имаат свсвое морежно место. Филмот се прикажува во посебно одбрани кина, а DVD публикувањето најчесто следува неколку месеци подоцна. Дистрибуциските права за филмот и DVD исто така најчесто се продаваат за светска дистрибуција. Дистрибуторот и продукциската компанија го делат профитот.

Независни филмови Правењето филмови исто така се случува надвор од матицата и е најчесто наречено независно снимање на филмови. Откако напредна технологијата и снимањето филмови се дигитализира, повеќе независни личности можат да снимаат и да уредуваат еден филм. Да додаваат и уредуваат музика, разни ефекти и да го спојат сето тоа во една целина. Ова независно правење филмови може да се практикува и на било кој домашен компјутер. Во минатото ваквите филмови оделе по разни фестивали за да бидат забележани и да заработат пари. Но денес со помош на интернетот овај процес е променет и сега е многу полесно еден филм да бите и раширен низ светот и да стане познат и притоа да биде финансиран. Со тек на време големите компании од Холивуд ги земаат успешните независни режисери под своја закрила и ги прават популарни и богати.

Наводи

уреди
  • Campbell, Drew: Technical Film and TV for Nontechnical People. Allworth Communications 2002.

LA 411 Production Directory
New York 411 Production Directory Архивирано на 5 август 2013 г.

Надворешни врски

уреди
 
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:

Wikibooks

уреди

Wikiversity

уреди