Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Фиксната – паушална шпедиција, всушност претставува еден вид целосна шпедиција. Меѓутоа, овие два вида шпедиција меѓусебно се разликуваат по тоа што кај фиксната – паушалната шпедиција комитентот му плаќа на шпедитерот еден фиксен износ што ја покрива не само провизијата и трошоците за чисто шпедитерските услуги, туку и превознината и другите превозни трошоци за извршениот превоз.