Шпедиција (експедитирање) — договор за вршење на трговски услуги во кој едната договорна страна -шпедитер се обврзува поради превоз на одредена стока да склучи од свое име и за сметка на налогодавачот (комитент) договор за превоз и други договори потребни за извршување на превозот, како и да ги изврши и другите вообичаени работи и дејствија, а комитентот се обврзува да му исплати определен надоместок (провизија)

Наутички симболи

Особености

уреди
  1. Претежно меѓународен карактер на дејноста
  2. Голем обем и разновидност на дејноста
  3. Специјализација на шпедитерските претпријатија

Функции

уреди
  1. Просторната функција - се состои во совладување на географската оддалеченост меѓу местото на производството и потрошувачката, совладување на оддалеченоста се остварува во прв ред физички, а во втор ред комерцијално.
  2. Временската функција - се состои во совладување на временските разлики меѓу производителите и потрошувачите на добра. Ова совладување се остварува само физички. Се состои во ангажирање на шпедитерот во врска со складирањето на стоката, складишните трошоци и трошоците на осигурување со цел да се изнајде временски најдобар пазар.
  3. Квантитативната функција - се состои во смалувањето на превознината, а со организирање на збирен превоз. Кај збирната шпедиција шпедитерот ги собира денковите пратки на комитентите и ги претвора во вагонски пратки за кои е предвидена пониска возарина.
  4. Квалитативната функција - се состои во овозможување да се пронајде најдобар транспортер на стоката. Овде не се работи само за најевтин туку и за најквалитетен и најсигурен транспортер на стоката.
  5. Кредитната функција – иако е од секундарен карактер – во современите услови на работење доби голема важност. Шпедитерите на своите комитенти најчесто им даваат превозни складишни царински кредити.
  6. Пропагандната функција - се состои во пропагирање на шпедитерот (како, на пример, пропагирање на одделни видови транспорт или на определени субјекти кои учествуваат во транспортот и др.).

Договор

уреди

Договорот за шпедиција е неформален и може да се склучи на кој било начин предвиден за склучување на договори во трговското право (писмено, усмено, телефонски, телеграфски, телепринтерски и сл.).Договорот за шпедиција се смета за склучен во моментот кога шпедитерот ќе го прифати налогот на комитентот за негова сметка да организира испраќање или достава на стока. Во практика договорот за шпедиција се склучува со диспозиција (налог) на комитентот или на шпедитерот.

Во договорот за шпедиција како договорни страни се јавуваат шпедитер (испраќач, екпедитер) и комитент (налогодавач).Ако со договорот е предвидено, експедиторот може да склучува договор за превоз и да презема други правни дејства од името и за сметка на налогодавачот. Од договорот за шпедиција прилзегуваат права и обрска како со шпедитерот така и за комитентот.

Обврски на шпедитерот

уреди

Обврска на шпедитерот е да склучи, од свое име, а за сметка на комитентот, еден или повеќе договори за превоз и да ги изврши сите дополнителни работи во врска со извршувањето на неговата основна обврска. Од договорот за шпедиција призлегуваат следниве обврски:

  1. Обврска за организација и превоз на стоката од едно место до друго - шпедитерот е должен да преземе низа правни и фактички дејствија потребни за стоката да стигне до крајната цел, вклучувајќи го и превозот кој може сам да го изврши, но во тој случај за оваа дејност е само превозник, а не во улога на шпедитер;
  2. Обврска да го извршува налогот на комитентот – шпедитерот-експедитор е должен да го исполнува налогот водејќи сметка за интересите на налогодавачот;
  3. Склучување на потребните договори - основната обврска ан шпедитерот, според дефиницијата на самиот договор, е од свое име, а за сметка за комитентот да склучи еден или повеќе транспортни договори. Меѓутоа, шпедитерот за да ја изврши сопствената основна обврска, склучува и низа други акцесорни договори, како што е, на пример, договор за складирање, договор за осигурување и др.;
  4. Примање на стоката од комитентот или од трето лице - шпедитерот е должен, според налогот на својот комитент, да ја прими стоката што треба да ја испрати на превоз или да ја достави од превоз и да издаде соодветна потврда за прием на стоката. При приемот на стоката од комитентот или од третото лице, шпедитерот е должен да издаде шпедитерска дозвола. Оваа потврда содржи податоци за испраќачот и за примачот на стоката, означување на стоката и релацијата по којашто се превезува стоката.
  5. Обврска за чување на стоката - – шпедитерот е должен да ја чува стоката што се наоѓа кај него. По приемот на стоката, а пред предавањето на транспортерот, шпедитерот има обврска да ја чува стоката со внимание на добар стопанственик и стручњак.
  6. Извршување на пресметка со комитентот - кога шпедитерот ќе ги изврши сите предвидени работи од договорот за шпедиција тој е должен да му поднесе отчет на комитентот, бидејќи работи за негова сметка.

Права на шпедитерот

уреди
  1. Право на провизија — награда.
  2. Право на надомест на трошоците.
  3. Право на залог
  4. Се она што е право на шпедитерот е обврска на комитентот

Одговорност на шпедитерот

уреди

До одговорност на шпедитерот може да дојде во случај кога нема да ги исполни обврските предвидени со договорот за шпедиција или со дополнителен налог на комитентот или ако таа обврска ја изврши неуреднио или делумно.Шпедитерот одговара за штетата која произлегува од неизвршување или од нецелосно извршување на обврските, што ги презел тој со договорот за шпедиција, освен ако докаже дека неизвршувањето или делуното неизвршување на овие обврски настанало поради услови кои во секој случај ја исклучуваат неговата вина. Шпедитерот, исто така, одговара за иборот на превозникот и за изборот на другите лица со кои во извршувањето на налогот склучил договор, но не одговара и за нивната работа, освен ако таа одговорност ја презел со договорот. Шпедитерот кој ќе му го довери извршувањето на налогот на друг шпедитер, наместо самиот да го изврши, одговара за неговата работа.

Престанување на договорот за шпедиција

уреди

Шпедитерските работи престануваат со исполнување, неисполнување, неможност да се исполнат, со стечај на комитентот или шпедитерот и со едностран отказ од договорените страни. Налогодавецот може да се откаже од договорот по своја волја, но во тој случај е должен на експедиторот да му ги надомести сите трошоци што ги имал дотогаш и да му исплати сразмерен дел од надоместот за дотогашната работа.

Кога шпедитерот ќе го откаже налогот на комитентот, тој е должен на комитентот да му ја надомести причинетата штета, освен ако до отказ на налогот дошло по вина на комитентот. Шпедитерот има право да го откаже договорот само до моментот на предавањето на стварите. Доколку налогот е целосно исполнет, не е можно негово отповикување.

Видови шпедиција

уреди

Поради разновидноста на шпедитерските работи произлезена е извесна специјализација и поделба на работите.Шпедицијата може да се подели според следниве критериуми:

  1. Според територијата на која шпедитерот ја врши својата дејност
    1. внатрешна шпедиција - се врши во границите на една земја и се служи исклучиво со домашни превозни средства.
    2. меѓународна шпедиција - често се нарекува и национална шпедиција. Истата постои кога испораката или доставувањето на стоката се врши меѓу разни земји во надворешно-трговскиот промет, така што шпедитерските работи се поврзани со меѓународниот превоз на стока и на други пратки: од своја и странска земја („извозна шпедиција“),од странска и своја земја („увозна шпедиција“) и меѓу странски земји преку својата земја („транзитна шпедиција“).
  2. Според основните одлики на работењето
    1. пристанишна шпедиција - е онаа која исклучиво или претежно се занимава со организирање на превоз на стока со поморски превозни средства.
    2. континентална шпедиција - е онаа која исклучиво или претежно се занимава со организирање на отпремување на стока со копнени превозни средства. Континенталните шпедитери го организираат превозот на стока по железница, по пат, со авиони и по речен и каналски пат.
    3. гранична шпедиција - е шпедиција која претежно се занимава со гранично царинење на извозна, увозна стока и со други работи кои се во врска со преминувањето ан царинските линии (државни граници). Работите на граничната шпедиција ги вршат гранични шпедитери како посебен вид стручњаци во меѓудржавната шпедиција
  3. Со оглед на меѓусебните правни односи, меѓу шпедитерот и комитентот
    1. непотполна шпедиција - е таква шпедиција кога шпедитерот, врз основа на договор за шпедиција презема врз себе обврска да му ја испорача или да му ја достави стоката на својот комитент, како и да изврши други правни илитехнички дејства. Шпедитерот не се обврзува да изврши превоз на стоката, туку само се обврзува, со превозникот да склучи договор за превоз. Затоа се нарекува чист договор за шпедиција.
    2. потполна шпедиција - постои кога шпедитерот врз основа на договор за шпедиција, покрај редовните шпедитерски работи, презема врз себе обврска да изврши и превоз на стоката.
    3. фиксна шпедиција - всушност претставува еден вид целосна шпедиција. Меѓутоа, овие два вида шпедиција меѓусебно се разликуваат по тоа што кај фиксната – паушалната шпедиција комитентот му плаќа на шпедитерот еден фиксен износ што ја покрива не само провизијата и трошоците за чисто шпедитерските услуги, туку и превознината и другите превозни трошоци за извршениот превоз.
    4. збирна шпедиција - постои кога шпедитерот истовремено (во исто превозно средство, со иста превозна исправа) испраќа и доставува стока што им припаѓа на разни негови комитенти. Во овој случај шпедитерот со транспортното претпријатие склучува еден единствен договор за превоз и тоа, по правило, во сопствено име и за сопствена сметка, а потоа му дава на превозникот посебни налози за предавање на стоката на определени примачи.

Извори

уреди
  • Илиески. М., Огненовска Б., „Меѓународно договорно право“, ЕУРМ, Скопје, 2007.
  • Николовски, А., „Трговско право“, Скопје, 2007.
  • Николовски, А., „Меѓународна шпедиција“, Скопје, 2000.