Фиат 125
Фиат 125 - бил некогаш брз, луксузен автомобил од средна класа кој бил произведуван во Фиатовата фабрика во Торино во период помеѓу 1967 и 1972 година.
Произведувач | Фиат |
---|---|
Познат и како | Петка, Пе-зетка |
Производство | 1967-1972 |
Класа | Средна класа |
Вид каросерија | 4-врати |
Мотор | 1608 cc DOHV I4 |
Пренос | 4-брзини рачен менувач 5-брзини рачен менувач 3-брзини автоматски менувач |
Меѓуоскино раст. | 2,505 m |
Должина | 4,225 m |
Ширина | 1,611 m |
Висина | 1,390 m |
Нетоварена тежина | 1055 кг |
Сродни | Фиат 1300/1500 SEAT 1430 Polski Fiat 125p Застава 125pz Вито Априлија 50-ка |
Конструктор | Данте Џиакоза и Аурелио Ламперди |
Концепт
уредиГолемиот почетен успех на Фиат 1300/1500 од 1961 година на домашниот пазар во Италија бил нарушен со појавата на Алфа Ромео Џулија во 1962 и Ланчија Фулвија во 1963 година. Веќе бил забележлив трендот на изработка на нови возила со рамни, кубични форми на каросерии. Предвидениот наследник, моделот Фиат 132 бил планиран за доцните 60-ти, така што било неопходно создавање на нов производ во средната класа на автомобили со лимитирани буџетски средства.
Моделите Фиат 124 и Фиат 125 биле создавани паралелно и за многу краток период. Како основа се употребени веќе докажаните постоечки платформи од моделите 1300/1500 (за Фиат 124) и од моделот 1500L (за Фиат 125). Моторот е всушност надградена верзија на веќе постоечкиот и со спортски перформанси вградуван во Фиат 124 спајдер. Дополнителна динамика е постигната со вградување на двојна брегаста осовина во блокот на моторот, што пак од друга страна изискувало зголемување на работниот волумен од 1438 cm3 на 1608 cm3. Во однос на претходниот модел извршени се мали измени во ентериерот, рачката од менувачот веќе не е на волан, туку е сместена долу помеѓу седиштата, на предните седишта додадени се наслони за глава, сериски се вградуваат сигурносни појаси, додадена е полица помеѓу предните седишта и слично. Фиат 125 е прв автомобил во кој се вградуваат бришачи на предно стакло со самоконтрола на исклучување. Каросериски веќе не се практикуваат премногу хромираните декоративни лајсни. На сите 4 тркала се поставени диск кочници, a дијагоналните гуми 5.60-13 заменети се со радијални "tubeless" гуми 175 SR 13. Квадратните предни светла даваат прекрасен агресивен, спортски декор на новата каросерија.
Моторот развивал 90 КС при 6500 вртежи/мин. и постигнувал максимален момент од 130 Nm при 4000 врт/мин. Праксата покажала дека рамноправно се носи со соперниците на домашната сцена (Алфа Ромео и Ланчија) како и со наметливите нови модели на BMW 1602/1802/2002.