Фемтометар

единица за должина
(Пренасочено од Ферми (единица))

Фемтометар (симб. фм или fm[1][2][3]) — единица за должина во Меѓународниот систем на мерни единици (SI) еднаква на 10−15 метри. Ова растојание понекогаш се нарекува ферми во чест на италијанско-американскиот физичар Енрико Ферми. Се користи како должинска мерка во јадрената физика.

фемтометар
Големина на фемтометарот во однос на еден атом на хелиумот
Информации за мерката
Мерен системSI
Единица задолжина
Ознакафм, fm 
Претворање на единици
1 фемтометар во ...... е еднакво на ...
   Основни SI-единици   1⋅10-15 м
   Природни единици   6,1877⋅1019 P
1,8897⋅10-5 a0

Дефиниција и еквиваленти

уреди

1000000 зептометри = 1 фемтометар = 1 ферми = 0,000001 нанометри = 10-15 метри

1 000 000 000 000 фемтометри = 1 милиметар.

На пример, набојниот полупречник на еден протон изнесува околу 0,841 фемтометри[4] а полупречникот на атомското јадро на златото изнесува приближно 8,45 фемтометри.[5]

барн = 100 фм2

Историја

уреди

Фемтометарот е усвоен на XI Генерална конференција за тегови и мерки и додаден во SI во 1964 г. Наречен е по данскиот збор femten со значење „патнаесет“ (бидејќи има величина на петнаесетти степен) и поради сличноста со зборот ферми.

Ферми е наречен по италијанскиот физичар Енрико Ферми (1901–1954), еден од основоположниците на јадрената физика. Зборот го вовел Роберт Хофштатер во стручен напис објавен во 1956 г.[6] Денес нашироко се користи од јадрените и честичните физичари.

Наводи

уреди
  1. [1] Архивирано на 23 мај 2011.
  2. „Units: F“. Unc.edu. Архивирано од изворникот на 9 јули 2018. Посетено на 4 ноември 2015.
  3. „Nuclear Size and Shape“ (PDF). Архивирано од изворникот на 25 април 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „The Case of the Shrinking Proton | Perimeter Institute“. Perimeterinstitute.ca. 23 август 2013. Архивирано од изворникот на 23 април 2014. Посетено на 3 ноември 2015.
  5. Blatt, John M.; Weisskopf, Victor F. (1952), Theoretical Nuclear Physics, New York: Wiley, pp. 14–16.
  6. Hofstadter, Robert, Department of Physics, Stanford University, Stanford, California, "Electron Scattering and Nuclear Structure," Rev. Mod. Phys. 28, 214–254 (1956) © 1956 The American Physical Society