Фемтометар
Фемтометар (симб. фм или fm[1][2][3]) — единица за должина во Меѓународниот систем на мерни единици (SI) еднаква на 10−15 метри. Ова растојание понекогаш се нарекува ферми во чест на италијанско-американскиот физичар Енрико Ферми. Се користи како должинска мерка во јадрената физика.
фемтометар | |
---|---|
Информации за мерката | |
Мерен систем | SI |
Единица за | должина |
Ознака | фм, fm |
Претворање на единици | |
1 фемтометар во ... | ... е еднакво на ... |
Основни SI-единици | 1⋅10-15 м |
Природни единици | 6,1877⋅1019 ℓP 1,8897⋅10-5 a0 |
Дефиниција и еквиваленти
уреди1000000 зептометри = 1 фемтометар = 1 ферми = 0,000001 нанометри = 10-15 метри
1 000 000 000 000 фемтометри = 1 милиметар.
На пример, набојниот полупречник на еден протон изнесува околу 0,841 фемтометри[4] а полупречникот на атомското јадро на златото изнесува приближно 8,45 фемтометри.[5]
1 барн = 100 фм2
Историја
уредиФемтометарот е усвоен на XI Генерална конференција за тегови и мерки и додаден во SI во 1964 г. Наречен е по данскиот збор femten со значење „патнаесет“ (бидејќи има величина на петнаесетти степен) и поради сличноста со зборот ферми.
Ферми е наречен по италијанскиот физичар Енрико Ферми (1901–1954), еден од основоположниците на јадрената физика. Зборот го вовел Роберт Хофштатер во стручен напис објавен во 1956 г.[6] Денес нашироко се користи од јадрените и честичните физичари.
Наводи
уреди- ↑ [1] Архивирано на 23 мај 2011.
- ↑ „Units: F“. Unc.edu. Архивирано од изворникот на 9 јули 2018. Посетено на 4 ноември 2015.
- ↑ „Nuclear Size and Shape“ (PDF). Архивирано од изворникот на 25 април 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „The Case of the Shrinking Proton | Perimeter Institute“. Perimeterinstitute.ca. 23 август 2013. Архивирано од изворникот на 23 април 2014. Посетено на 3 ноември 2015.
- ↑ Blatt, John M.; Weisskopf, Victor F. (1952), Theoretical Nuclear Physics, New York: Wiley, pp. 14–16.
- ↑ Hofstadter, Robert, Department of Physics, Stanford University, Stanford, California, "Electron Scattering and Nuclear Structure," Rev. Mod. Phys. 28, 214–254 (1956) © 1956 The American Physical Society