Фатма од шумата ( турски: Tahtacı Fatma ) е 28-минутен турски документарен филм во режија на Суха Арин . Првпат беше прикажанан во Меѓународната година на детето (1979).[1]

„Фатма од шумата“
РежисерСуха Арин
ПродуцентСуха Арин
Музика
ДистрибутерМТВ филм и тв
Премиера1979 (1979)
Времетраење28 минути
ЗемјаТурција
Јазиктурски

Филмот прикажува каков е животот на едно 12-годишно девојче кое живее и работи со дрвосечачите во шумите на високите планини Торос . Во него се документира за експлоатацијата на детскиот труд и суровите животи на дрводелците вработени во турското Министерство за шумарство .

Екипа

уреди
  • Режисер: Суха Арин
  • Асистент режија и монтажа: Несли Чолгесен, Цемал Карман, Кемал Севимли, Јалчин Јеленс
  • Директор на фотографија: Хасан Озген
  • Камера: Савас Гувезен
  • Музички аранжман: Мехмет Еренлер, Невит Кодали

Награди

уреди
  • Прва награда на 3-тиот интернационален балкански филмски фестивал (1979)[1]
  • Наградата Сребрен меч на меѓународниот филмски фестивал во Дамаск (1979)[1]
  • Награда Златен портокал на филмскиот фестивал во Анталија (1979) [1]
  • Прва награда во селекцијата за краток филм на Министерството за култура на Турција (1979)[се бара извор]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Tahtacı Fatma – Fatma of the Forest: Türkiye/Turkey, Süha Arın, 28', 1979 Архивирано на 4 март 2016 г.. Special screening, Hangi İnsan Hakları? Film Festival, Istanbul, 6–10 December 2011. Documentarist. Accessed October 2014.