Фадил Руфати (албански: Fadil Rufati; Лисец, Тетовско) е поранешен член на ОНА.

Фадил Руфати
Fadil Rufati

Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Во младите години, се запишал на универзитетот во Приштина, насока хемија. Но истиот не го завршил, туку заминал на печалба во Швајцарија. Кога започнала Косовската војна, тој се вратил и се приклучил кон единиците на ОВК.

По започнувањето на воениот конфликт во Македонија, тој се вклучил во редовите на ОНА. Тој уште на почетокот бил ангажиран да го „браниТетовското кале. По преземаната кација од страна на македонските вооружени служби, тој бил погоден кај месноста Црвен камен, по кое им подлегнал на повредите.

По неговата смрт, неговото тело било повлечено, за да на 12 април биде истото погребано на гробиштата во Тетово[1].

Наводи

уреди
  1. Менај, Петрит (2008). ОНА- Порака и надеж. Скопје: Фондација - Институт отворено општество.