„Уште овојпат“ (српски: Још овај пут) — филм на режисерот Драган Кресоја од 1983 година. Главните улоги ги играат: Александар Берчек, Велимир Бата Живојиновиќ, Радмила Живковиќ, Владица Милосављевиќ, Бранко Видаковиќ и Јосиф Татиќ.[1]

Синопсис

уреди

Филмот ја прикажува судбината на двајца осуденици: трговесот со дрога Макс и повеќекратниот затвореник Џек, кој е болен од неизлечлива болест. Пред да биде уапсен, Макс се жени со една провинциска девојка, која дури по раѓањето на детето дознава со што се занимава нејзиниот сопруг и бара развод. Џек е условно пуштен од затворот, а Макс користи слободен викенд. Двајцата, во придружба на невенчаната сопруга на Џек, поаѓаат во потрага по жена му на Макс и по неговиот син. Патем, Макс го среќава татка си, кој има успешна кариера и со кого никогаш немал добри односи....

Наводи

уреди