Учебна година
Учебна или академска година е временскиот период кога една образовна институција одржува настава. Распоредот и начинот на кој е поделена учебната година зависи од етапата на образованието и од јуристидцијата каде се наоѓа образовната институција. Во Македонија, основното и средното образование имаат учебни години составени од две полугодија. Секое полугодие има две тримесечја. Високото образование во Македонија ја дели академската година на два семестри: летен и зимски.