Устав од 3 мај 1791 година

Устав од 3 мај 1791 година (полски: Konstytucja Trzeciego Maja; литвански: Gegužės trečiosios konstitucija) — важен државен акт донесен и потврден на 3 мај 1791 година, претставува устав кој го регулира правниот поредок на Републиката на Двата Народи (во Полско-Литванската Република). Општо прифатено е тоа, дека Уставот од 3 мај бил втор во Европа (прв е уставот на Сан Марино) и трет во светот (прв устав е уставот на Сан Марино, а втор е уставот на САД).[1][2][3]

Оригиналниот ракопис на Уставот.

Уставот од 3 мај бил установен како Владин акт (полски: Ustawa rządowa) и бил прифатен истиот ден од страна на Сеjмот (парламентот) на Полско-литванската Државна Заедница. Тој беше во сила само една година, сѐ до започнувањето на Руско-Полската војна од 1792 година.

На 5 мај 1791 година, денот 3 мај бил прогласен за Национален Празник на Полска по повод донесувањето на Уставот од 3 мај.

Наводи

уреди
  1. John Markoff describes the advent of modern codified national constitutions as one of the milestones of democracy, and states that "The first European country to follow the U.S. example was Poland in 1791." John Markoff, Waves of Democracy, 1996, ISBN 0-8039-9019-7, p.121.
  2. Blaustein, Albert (1993). Constitutions of the World. Fred B. Rothman & Company.
  3. Isaac Kramnick, Introduction, Madison, James (1987). The Federalist Papers. Penguin Classics. ISBN 0-14-044495-5.

Надворешни врски

уреди