Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ (Штип)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија е за универзитетската библиотека при Универзитетот „Гоце Делчев“. За националната и универзитетска библиотека под јуридикција на Министерството за култура, видете НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип“.
Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип ги собира на едно место изданијата на сите 13 факултети и придружни институти кои функционираат во состав на Универзитетот Гоце Делчев.
Сите важни изданија, учебници, учебни помагала и стручни прирачници се достапни за оние кои имаат најголема потреба од нив, студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Универзитетската библиотека во моментов располага со повеќе од 110.000 книги од областа на природните, општествените и техничките науки, интересни наслови од областите математика, астрономија, геодезија, физика, хемија, геологија, палеонтологија, биологија, ботаника, зоологија, голем број на речници, енциклопедии и магистерски трудови.
Во рамки на Универзитетската библиотека функционира електронскиот сервис е-библиотека кој е достапен веќе две години, а од неодамна УГД за своите студенти овозможи многу поедноставна и интерактивна апликација преку која со лесна навигација се пристапува до електронски библиотечен фонд неопходен за квалитетно студирање.Е-библиотека на Универзитетот „Гоце Делчев“ е сервис кој ги следи потребите на новиот и современ начин на студирање и е создаден целосно во прилог на студентите и вработените на Универзитетот.
Организација и структура
уредиПристапот и користењето на библиотечниот фонд како и читалницата со која располага Универзитетот се слободени за студентите на прв, втор и трет циклус на универзитетски студии и за вработените на Универзитетот, односно за сите членови на универзитетската заедница. Универзитетската библиотека е организирана така што студентите, наставниот кадар и научните работници имаат право бесплатно да ги користат основните видови на библиотечно-информациски услуги, согласно со Правилникот на Универзитетската библиотека. Библиотеката со читалницата е отворена за корисниците секој работен ден од 9 до 16 часот.
За полесен преглед и увид во целокупниот библиотечен фонд во рамките на својата Универзитетската библиотека, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за студентите и вработените овозможи посебен семрежен прилог која на корисниците им овозможува лесно и едноставно пребарување според неколку критериуми. Користејќи го семрежниот прилог http://biblioteka.ugd.edu.mk/ може да се врши пребарувањето преку наслов, автор, издавач и година на издавање.
На овој начин семрежниот прилог озвозможува во кое било време и од кое било место проверување на стручната и научната литература што е достапна во Универзитетската библиотека.
Активности
уредиГлавни активности на Универзитетската библиотека се прибирањето и каталогизацијата на новите изданија на Универзитетот. Помеѓу редовните изданија се истакнуваат годишните зборници, списанието GeologicaMacedonica, Универзитетските билтени, весници како во печатена, така и во електронска форма. До сите нови и ажурирани материјали со кои располага библиотеката може да се пристапи преку претходно споменатиот линк:http://biblioteka.ugd.edu.mk/. За да се започне со пребарувањето корисникот треба да се најави со истото корисничко име и лозинка со кое се најавува при користење на електронската пошта, електронскиот индекс, електронското учење итн., понатаму семрежниот прилог е приспособен на начин кој лесно го води корисникот во процесот на пребарување.